Попладневно дружење со технологија, игри и тестирање производи на Машинскиот факултет

Настанот под мотото „Технологијата е забава, инженерите се кул" е во организација на тимот на „MS3 Lab" и е поддржан од Македонско-американската алумни асоцијација.

Попладневно дружење со мехатронички системи применети во секојдневни апликации од забавен карактер, исполнето со технологија, игри и тестирање кул-производи дизајнирани од страна на тимот на „MS3 Lab" ќе се одржи денеска во дворот на Машинскиот факултет во Скопје.

Настанот под мотото „Технологијата е забава, инженерите се кул" е во организација на тимот на „MS3 Lab" и е поддржан од Македонско-американската алумни асоцијација.

Посетителите ќе имаат можност да видат различни студентски проекти, да се запознаат со основите на 3Д-печатењето, како и да дизајнираат свој производ со помош на студентите.

Организаторите нагласуваат дека децата се особено добредојдени, за заедно на забавен начин да ја поттикнеме нивната детска креативност и вродена љубопитност кон технологијата и инженерството.

Оригами-роботи, количка што сама го наоѓа излезот од лавиринт, безбедносен паметен елек за велосипедисти, уникатни очила, се само дел од прототипите што посетителите ќе можат и самите да ги тестираат и да се забавуваат. 

притисни ентер