Планинарско-велосипедски хепенинг „#Почни со Водно#"

Стартот е во 18.30 часот пред основното училиште „Кочо Рацин", а учесниците ќе можат да се искачуваат до врвот на Водно заедно со планинарите или со велосипедистите.

Планинари, велосипедисти, рекреативци и сите љубители на природата, се поканети на планинарско-велосипедски настан „#Почни со Водно#" што ќе се одржи вечер во организација на Амбасадата на Република Словачка во Скопје и планинарското друштво „I Love Hiking".

Стартот е во 18.30 часот пред основното училиште „Кочо Рацин", а учесниците ќе можат да се искачуваат до врвот на Водно заедно со планинарите или со велосипедистите.

Организаторите најавуваат дека за сите што ќе стигнат до врвот на Водно, ќе има подготвена храна, словачки пијалок, како и добра забава.

Фото: Блиндирана лимузина за оние со најдлабок џеб

Ролс Ројс Фантон со себе носи луксуз и престиж, а за сума од 3 милиони евра им гарантира врвна безбедност на оние кои се возат внатре.

Имено, толку чини продолжената блиндирана Ролс Ројс лимузина, модифицирана во фирмата Класен. Купувачите кои се подготвени да платат 3 милиони евра, можат да поседуваат ваков специјален Ролс Ројс Фантом кој ќе им биде испорачан 6 месеци по порачката.

Првиот чекор во доработката на фабричкиот модел претставува продолжувањето на каросеријата.

Потоа лимузината се зајакнува до Б7 ниво на балистичка заштитам, за да патниците бидат заштитени од огнено оружје и експлозивни направи.

Меѓу додатоците кои на заштитените патници ќе им пружат и пријатно возење се и нов мултимедијален систем и врвно озвучување.

Иако масата на возилото значително се зголемува од Класен не го модифицираат она што е под хаубата, таму и понатака стој 6.75 литарски мотор со 571 коњски сили.

Штипскиот храм „Успение на пресвета Богородица" 99 години чува дел од моштите на светец

Во храмот на „Успение на Пресвета Богородица" во штипско Ново Село денеска беа изнесени дел од моштите на светецот Алимпије Столпник. 

Моштите се изнесуваат еднаш во годината и тоа денеска на денот на светецот. Овие мошти веќе 99 години се чуваат во овој храм. Штипски трговец во 1920 година, дел од моштите на светецот ги донел од Света Гора.

-Се сретнал во Света Гора со некој монах, според кажувањата, си кажал од кој македонски град е и прашал дали ќе може да однесе во Штип дел од моштите на спомнатиот светец. Монахот ја исполнил желбата на штипскиот трговец и од 1920 -та година, моштите се во овој храм, вели свештеникот Јовче  Ќурчински.

До пред неколку години,  моштите  постојано биле изложени за јавноста, но сега се заштитени во посебен дел од храмот. Православните верници освен светиот Алимпије Столпник, денеска го чествуваат и светецот Ѓорги Победоносец. /МИА

Што се случува со Бритни Спирс?

Контроверзната пејачка Бритни Спирс (38) уште еднаш се најде во центарот на вниманието.Камерије ја уловиле пејачката како излегува од клиника во Лос Анџечес во друштво со телохранител.

Поп принцезата делувала запуштено. Освен неуредната фризура и размачканата шминка, Бритни на себе облекла фармерки, бела маица без градник, отворени сандали и бели спортски чорапи.

Дека со пејачката повторно нешто се случува се загрижени и фановите, откако таа објави видео на Инстаграм како игра во својот дом. На видеото таа имала јака црна шминка околу очите, поради која делувало како да не се измила неколку денови.

Минатата недела таа наполни 38 години, роденденот го прослави во Мајами со своето момче Сам Асгхари.

Бритни веќе 12 години се бори со своите проблеми со менталното здравје. Нејзиниот менаџер во една прилика изјавил дека не е сигурен дали таа некогаш ќе се врати на сцената.

притисни ентер