Даниел Креиг ќе брка криминалци со суперавтомобил вреден 1,5 милион фунти (ВИДЕО)

Џејмс Бонд ќе ги брка негативците во следното продолжение ,,Бонд 25” во Астон Мартин Валхала вреден 1,5 милион фунти.

Валхала е суперавтомобил , технолошка ризница , еден од трите автомобили Астон Мартин што ќе се појават во следниот филм за Џејмс Бонд.

Автомобилот Валхала го движи V6  турбо бензински мотор со сила од 1000 Кс.

Од 0-100км/час стигнува за 2,5 секунди и вози до максималните 354 км/час. За разлика од Астон Мартин ДБ10 , осмислен само за филмот ,,Спектра” , Валхала е автомобил кој ќе може да го вози секој што ќе плати 1,5 милиони фунти.

Двата други автомобили во новиот серијал за агентот 007  се класичен ДБ5 од раните 60 –ти години на минатиот век , кого го возеше Шон Конери во ,,Голдфингер” во филмот за 007 во 1964 година.

Третиот модел што ќе се појави во најновиот филм за Џејмс Бонд ќе биде V8 Вантаж од 1987 , што го возеше Тимоти Далтон , кој го играше Џејмс Бонд во филмот ,,Здив на смртта” .

Енди Мекдауел : Не се срамам од своите години!!

Убавата актерка Енди Мекдауел ја оправда титулата на една од најубавите актерки во Холивуд иако е веќе во седмата деценија од животот.

61 годишната Енди и понатаму изгледа одлично. Тоа го покажа и докажа на премиерата на својот нов филм „ Ready Or Not" одржана во Лос Анџелес, кога воодушеви со своето провокативно издание.

Енди на премиерата се појави во тесен фустан со голи рамена и со длабок шлиц на левата нога, поради што нејзината совршена става дојде до израз.

Фото: Во езеро крај Њујорк уловена риба со две усти!?

Необична риба уловена на езерото Шамплејн кај Њујорк, од водите извлечена риба со две усти!?

Деби Гибсон заедно со својот сопруг била на риболов на езерото Шамплејн кај Њујорк кога од водите извлекла страшно суштество.

Станува збор за риба со две усти. Деби фотографија од уловената риба со две усти веднаш објавила на социјалните мрежи.

Засега не е јасно дали станува збор за генетска мутација која била предизвикана од загадувањето или пак во прашање е „нормален“ изглед на риба од непознат вид.

-Кога го лапна мамецот мислев дека имам одлично парче риба на јадицата. Се бореше долго, мислев дека е поголема , но кога ја извлеков не можев да им верувам на очите што гледам. Рибата имаше две усти, се други беше потполно нормално. Брзо ја фотографиравме и ја вративме во езерото, изјавила Деби за локалните медиуми.

13 - годишниот Марко Пејчиновски ќе плива ултрамаратон за лицата со ретки болести

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски на 28 август на празникот Голема Богородица, ќе плива соло маратон на Охридското Езеро во должина од 64 километри.

Тој ќе се обиде да го преплива таканаречениот триаголник Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид, а подвигот, како што најави претходно, го посветува на лицата со ретки болести.

– После испливани илјада километри, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, бранови, дожд, ладно и топло време, официјално ви кажувам дека на празникот Голема Богородица, ќе пливам од Охрид до Свети Наум, преку Струга назад до Охрид", откри Марко на својот фејсбук-профил.

Тој минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал таа делница, со што се најде меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем оттаму што тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

Оваа година Марко пред себе постави сериозно голем предизвик со исклучителна хумана цел, да го сврти вниманието на јавноста, а пред се на општествените чинители, кон лицата со ретки болести кои секојдневно водат маратонски битки и се соочуваат со животозагрозувачки препреки.

За престојниот негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја што ќе се продаваа по цена од 300 денари, со тоа што целиот приход собран од продажбата е наменет за помош на лицата со ретки болести.

Инаку, за минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна буба мара на популарноста".

притисни ентер