Од ебола во Конго починале 1400 луѓе

Светската здравствена организација(WHO)  смета дека нема потреба од прогласување на вонредна состојба во Демократска Република Конго поради болеста ебола од која за една година починале 1400 луѓе.

Од Комитетот за вонредни состојби на „ WHO“ наведуваат дека не се исполнети критериумите потребни за прогласување на глобална криза, но укажуваат дека се итно потребни 27 милиони долари за борба против епидемијата.

Деновиве епидемијата на ебола од која во Африка редовно умираат илјадници луѓе се проширила и во Уганда.

Во Уганда се регистрирани три случаи на ебола. Од последиците на болеста починало едно петгодишно дете.

Од последиците на вирусот ебола во периодот 2014 -2017 година во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале повеќе од 11000 луѓе а биле заразени 30 000 лица.

Како против современиот начин на живот – Секое трето дете во Македонија е со вишок килограми

Децата претставуваат нашата иднина, за да им овозможиме убава, здрава и лесна иднина, потребно е децата да имаат балансиран тип на исхрана, редовни спортски активности, вежби или прошетки.

Ова е пораката на др. Соња Ралева, лекарка и специјалист во Школски диспанзер до родителите по објавеното истражување од СЗО дека повеќе од третина од децата на возраст од шест до осум години кои одат во второ одделение во државава имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Според др. Ралева има неколку главни фактори кои придонесуваат за дебелина кај децата.

Здравиот начин на исхрана вели Ралева, вклучува ограничување на внесот на енергија од вкупните масти и шеќери, како и зголемување на консумацијата на овошје и зеленчук, како и мешунки, интегрални житарки и ореви и редовна физичка активност.

Според податоците на Европската иницијатива на СЗО за следење на дебелината кај децата, од 2016 година, со која биле опфатени 40 земји, државава го зазема 10-тото место. Се проценува дека во светот има повеќе од 150 милиони деца со прекумерна телесна тежина и доколку не се преземат неопходните мерки на претпазливост, бројот ќе се зголеми на 250 милиони до 2030 година.

Која е мистериозната Марија Франциска со која денес се жени Надал?

Рафаел Надал ја запросил Марија минатата година во Рим.

Секогаш скромна, умерена и помалку мистериозна, Марија Франциска Перељо веќе со години го привлекува вниманието на јавноста, а денес е во центарот на вниманието затоа што се мажи за еден од најдобрите тенисери во светот, Рафаел Надал.

Заедно се од 2005-та, а Надал минатата година ја запросил Марија на романтично патување во Рим. Денес судбоносното „ДА“ ќе го изговорат на раскошната церемонија во Мајорка.

Надал и Марија важат за еден од најстабилните парови на светот, а скоро никогаш не се слушаше нешто скандалозно за нив. Медиумите колку и да трудеа не успеаја да најдат ниеден трач.

Марија има 30 години и работи како агент за осигурување. Завршила академија за бизнис и покрај основната работа, работи и како директор на проектите во фондацијата „Рафаел Надал“, добротворна организација која тенисерот ја основал пред скоро 10 години.

Со Рафаел се запознала одамна а потоа во 2005-та се впуштиле во емотивна врска. Биле многу млади, таа имала 16 а тој 18 години. За сега немаат дева, но тенисерот во неколку наврати изјавува дека би сакал да се оствари како татко.

Марија избегнува секакво медиумско внимание, таа дури нема ниту еден налог на социјалните мрежи, освен оние кои ги уредуваат нејзините фанови.

Се мажи за осуден убиец: Пеачката ги згрози фановите со нејзиниот избор

Американската пеачка Ники Минаж во најновото интервју за „Е!“ открила дека веќе оваа недела би можела да го каже судбоносното „да„ на своето момче, продуцентот Кенет Пети.

Минаж во повеќе наврати истакнала дека никогаш во животот не била посреќна и дека едвај чека да се  омажи, иако фановите не ја одобруваат нејзината врска со Кенет заради неговото проблематично минато.

Изминативе денови се слушаат гласини дека парот веќе се венчал во тајност, но контроверзната пеачка ги демантираше таквите гласини.

-Не сум се омажила. Добивме дозвола за брак, но ја чекаме пасторката за која од првиот ден знаеме дека ќе не венча. Таа има слободен распоред дури од наредната седмица, така да тогаш би можела да бидам во брак, изјавила пеачката и така повторно ги шокирала фановите.

Пеачката и пет години постариот менаџер ја потврдија врската кон крајот на минатата година, а во фокусот на јавноста тогаш се најде мрачното минато на Кенет. Имено тој во 1995-та е осуден за обид за силување на 16 годишно девојче, заради што добил казна затвор во траење од 18 до 54 месеци. Потоа во 2002-ра ја признал ината за убиство без предумисла, заради што цели седум години поминал во затвор.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

My nigga home now he da Clyde to my Bonnie 🤞🏽

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

притисни ентер