„Катимерини": Датум за преговори со Северна Македонија во септември, за Албанија не

Северна Македонија веројатно кон крајот на годинава ќе добие поддршка од ЕУ за почеток на преговорите за членство.

Додека во случајот на Албанија и пристапните преговори со ЕУ на таквата одлука се противат Франција, Германија и Холандија, пишува грчкиот весник „Катимерини", повикувајќи се на дипломатски извори.

И покрај реториката дека ЕУ треба да прифати нови членки од Западен Балкан, со цел тие земји да го зајакнат својот европски пат и да се маргинализира кинеското и руското влијание, прашањето за миграција предизвика сомнежи во некои северни држави на Унијата.

Со голема поддршка од мнозинството земји-членки на ЕУ и ЕК, Северна Македонија и Албанија се надеваа дека европските министри на состанокот во вторник во Луксембург ќе дадат зелено светло за почеток на преговорите за членство. Таквата одлука на министрите би го отворила патот за нејзино одобрување од страна на лидерите на ЕУ на самитот во Брисел на 20 и 21 јуни.

Постои опција во септември да се постигне нов договор меѓу владите на земјите членки на ЕУ, но само за Македонија.

– Северна Македонија има добри шанси за почеток на преговори за членство во ЕУ, имајќи го предвид постигнувањето на историскиот договор со Грција околу името на државата, истакна висок официјален претставник на Унијата, наведува „Катимерини".

Истиот дипломатски извор вели дека Албанија и понатаму е огромно прашање за некои влади на земји-членки и воопшто не изгледа ветувачки.

Според мислењето на Транспаренси интернешанл, една од најкорумпираните земји во Европа е токму Албанија, која е членка на НАТО, но постигнала само мал напредок во борбата против перење на пари иако менувала корумпирани судии и обвинители, тврдат американски и европски претставници.

Во јуни минатата година Франција и Холандија неочекувано го блокираа почетокот на преговорите со ЕУ за Македонија и Албанија, барајќи дополнителни реформи.

Холандскиот парламент на 11 јуни усвои резолуција против отворање пристапни преговори со Албанија, додека Македонија доби поддршка од холандските пратеници./МИА.

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

притисни ентер