Океаните на Европа се солени и погодни за живот

Океаните на големата месечина на планетата Јупитер, Европа, се солени и слични на морињата на Земјата.

Научниците според истражувањата врз основа на податоците од вселенскиот телескоп Хабл , утврдиле дека под замрзнатата површина на месечината Европа има солена вода, погодна за развој на живот.

Научниците сметаат дека некаква форма на живот би можела да се развива во иднината или се развивала некогаш во далечното минато на сателитите Енчелада и Европа , кои кружат околу огромните планети Сатурн и Јупитер.

Претходно се верувало дека на Европа има сулфурни слоеви , но научниците од Институтот за технологии на Калифорнија , предводени од професорката Саманта Трумбо , забележале натриумов хлорид , односно сол.

Трумбо и тимот научници ги анализирале податоците од вселенскиот телескоп Хабл. ,,Доколку подземните океани се полни со натриумов хлорид , тоа значи дека личат на нашите океани . Кога би можеле да ја лижнеме солта од Европа , најверојатно би била солена и би го имала познатиот вкус.” вели професорката.

Затоа НАСА планира во наредните неколку години да се насочи во потрага по живот на Европа . Така , се планира до 2023 да биде пратено летало , кое би истражувало дали на Европа има аминокиселини , што се основа за живот.

притисни ентер