Леталото на НАСА на Марс го сними логото на серијата ,,Ѕвездени патеки”

Иако веќе подолго се во тек подготовките за праќање човечки екипаж на Марс, се чини како фиктивните јунаци од серијата ,,Ѕвездени патеки” веќе да биде таму.

Во басенот Хелас Планитиа , односно во една од најголемите котлини на Марс , е снимен знакот на познатата футуристичка телевизиска серија.

Професорот Рос Бејер од Универзитетот во Аризона вели дека станува збор , сепак за природна и сосема случајна појава. Формите во облик на буквака V не се невообичаени на Марс.

Овој облик , кој е всушност и логотипот на ,,Ѕвездени патеки”, е резултат на вулканска ерупција на дното на басенот. Кога течела лавата се собирала околу песочните дини и по ладењето останувале формите во облик на буквата V, објаснуваат од НАСА.

Овие форми на Марс ги снимило леталото Mars Reconnaissance Orbiter . Откритието на дини во облик на логотипот на серијата , предизвика бројни шеги на социјалните мрежи.

Меѓу оние кои реагираа е и актерот Вилијам Шатнер , кој во првата сезона од серијата ја играше улогата на капетанот Џејмс Т. Кирк. Напиша дека тимот на ,,Ѕвездени патеки” ги победија оние од тимот на филмскиот серијал ,,Војни на ѕвездите”.

притисни ентер