Заев: Знаеме како Груевски избега од земјата

“Знаеме како Груевски избега од земјата” – тврди македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, каде за прв пат открива детали од бегството на екс премиерот.

Заев за весникот, по цели осум месеци ја разоткрива црната дупка во бегството на Груевски, од неговиот стан до албанската граница.

-Сега знаеме како. Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило“, - вели Заев за ФАЦ.

До сега во јавноста имаше разни теории за бегството на екс премиерот од земјава, но ова е првпат носител на висока политичка функција да открие детали за бегството на Груевски од органите на прогонот, и да каже дека тој бил пречекан од унгарски дипломати на границата со Албанија. За наводите во интервјуто на премиерот Заев, од обвинителството за Канал 5 велат дека во јавноста излегуваат со став само врз основа на докази. На прашањето од весникот пак, зошто поранешниот премиер не бил спречен од надлежните органи да побегне, Заев вели дека ги следеле законите.

-Го набљудувавме, но согласно нашите закони, ние можеме да го правиме тоа само кога тој се движи во јавност, не и во неговите приватни простории. Во земјата вообичаено е криминалците кои се повикани во петок за отслужување на затворска казна, викендот да го поминат дома. Не можевме тоа да го смениме само за Груевски,вели Заев за ФАЦ

Груевски минатата недела беше уловен од унгарските медиуми како се сретнува во стан со претставникот на тамошното МНР, Иштван Јо. Бегството на Груевски беше главна тема и на вчерашната расправа во унгарскиот парламент, каде опозицијата ја обвини власта дека му помогнала да избега од правдата. На ова реплицираше унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој кажа дека со Груевски комуницираат за како што кажа, да добијат најавтентични информации за Западен Балкан.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

притисни ентер