Остарениот актер не може да ги тргне рацете од младата сопруга (ФОТО)

Поранешната ѕвезда на серијата ,,Чувари на плажа” , Дејвид Хаселхоф со сопругата Хајли Робертс се одмораат на грчкиот остров Миконос.

Тие на Миконос се поради познатото авто рели на скапи автомобили Гембол 3000 , а папараците ги уловија додека си разменуваа нежности во ресторан на плажа.

66- годишниот актер не можеше да ги тргне рацете од 28 години помладата сопруга , а по ручекот излегоа од ресторанот фатени за раце.

Тие се една година во брак , се венчаа во Италија , а веридбата ја направија на Малибу.

Хаселхоф , кој важеше за секс симбол на осумдесетите години од минатиот век , очигледно се излекувал и од свијата зависност од алкохол.

Опел го претстави првиот електричен автомобил за рели трки (ВИДЕО)

Опел ја претстави рели верзијата на новиот електричен хечбек Корса-е и така стана прва компанија во историјата што понуди електричен автомобил за рели трки.

Корса е-Рели ќе биде достапна преку Опел Мороспорт , а ќе ги задржи батериите и моторот на стандардната електрична Корса , кој испорачува сила од 134 КС и има 260Нм момент на обрт.

Моделот има каросерија прилагодена на рели спецификациите , а автомобилот е повисок и поширок од обичната електрична Корса.

Корса е- рели ќе се натпреварува на ADAC Opel e-Rally Cup, каде ќе се натпреваруваат 15 млади натпреварувачи.

Премиерата е закажана за септември на Саемот за автомобили во Франкфурт. Цената ќе изнесува помалку од 50 000 евра.

НАСА истражува прв случај на вселенски криминал

НАСА истражува прв случај на злосторство во вселената.

Американската астронаутка Ан МекКлеин наводно додека престојувала на Меѓународната вселенска станица ја хакирала банкарската сметка на својата поранешна партнерка, Самер Ворден.

Самер се пожалила на властите , а НАСА ја вратила МекКлеин назад на Земјата. Астронаутката за американските медиуми раскажува дека само сакала да ја провери сметката за да види дали има доволно пари за домаќинството и за грижа за нивниот син , кого заедно го чувале додека биле во врска.

Мек Клеин признава дека влегла во сметката , но дека немала лоши намери. Мек Клеин и Ворден биле во брак од 2014 , а во 2018 Ворден побарала развод.

Мек Клеин ја завршила престижната воена академија Вест Поинт и била воен пилот во Ирак. Таа како астронаут помина шест месеци на Меѓународната вселенска станица , а беше во конкуренција и да биде првата жена која ќе се прошета низ вселената.

Избран најубавиот маж за 2019 , има IQ 181 (ВИДЕО)

Британецот Џек Хаселвуд (27) ја понесе титулата најубав маж за 2019 на вчера одржаниот натпревар , на кој учествуваа претставници на уште 70 земји.

Освен што е убав , Џек е и исклучително интелигентен со коефициент од 181 , а работи како инженер за авиосообраќај.

"Во манекенството можете да запознаете многу луѓе и да стекнете многу пријатели. Тоа е убаво оддалечување од науката што е многу тешка", рече најубавиот маж на светот.

Покрај студиите, Џек со години се занимава со манекенство заедно со своите две сестри, кои исто така се модели. Затоа, логично беше учеството во натпревар кој се одржува на секои две години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

On Business Class to Manila with 1 short stop in Dubai. #Emirates #MrWorld #MrWorldEngland

A post shared by Jack Heslewood (@mr.world.england.2019) on

Од друга страна, тој од секогаш бил многу заинтересиран за технологијата.

"Џек имаше електричен велосипед на возраст од пет години и беше многу заинтересиран за машини и технологија. Веќе во основно училиште, тој беше заинтересиран за науката, постојано дизајнираше скутери и измислуваше плочки за лебдење. Ние постојано се шегувавме дека тој ќе биде иноватор еден ден". рече неговата мајка Кери, фалејќи го својот син дека сака  предизвици и авантурите и дека е љубезен, добро воспитан и забавен.

Џек е првиот Британец што ја понел оваа титула. 

притисни ентер