11- годишно момче јаде прекумерно за да го спаси татко си (ВИДЕО) - Канал 5

11- годишно момче јаде прекумерно за да го спаси татко си (ВИДЕО)

Малиот Кинез Лу Зикаун е прогласен за херој , зашто детето јаде и пет пати на ден за да го спаси својот болен татко.

11- годишно момче јаде прекумерно за да го спаси татко си (ВИДЕО)

Таткото на Лу боледува од леукемија веќе седум години , а лани докторите му рекле дека може да се спаси единствено со пресадување коскена срж. По направеното испитување , се покажало дека од целото семејство само тогаш 10 годишниот Лу има соодветна коскена срж. Но , се појавил проблем ,зашто детето е многу мало и имало само 30 килограми.

Затоа , сега јаде колку што може за да се здебели уште 15 килограми и да може да ја донира сопствената коскена срж и да го спаси својот татко. Идеалната тежина за донација е околу 50 килограми тежина.

,, Докторите ми рекоа дека мора да имам барем 45 килограми за да донирам коскена срж. Дури и ако боли , уште ќе јадам. нашето семејство не би можело да ја поднесе загубата на мојот татко.” , вели храброто момче.

Мајката на Лу , пак има други проблеми. Работи за ниска плата и тешко обезбедува пари за богатата и квалитетна храна што мора секој ден да ја изеде момчето.

YouTube video

Приказната за храброто момче од Кина го обиколи светот , па насекаде се формираат фондови за донација на семејството на Лу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од половината судови во државата со зголемен број нерешени предмети

Половина од судовите во земјава добиле оценка дека се неажурни, над 134 илјади предмети останале нерешени, недостасуваат 163 судии и околу 3000 судски службеници.. 

Повеќе од половината судови во државата со зголемен број нерешени предмети

Ова се дел од податоците за 2025 година од извештаите на судскиот буџетски и на Судскиот совет, кои денеска беа разгледани на комисиска седница во Собранието. Претседателот Александар Камбовски потенцираше дека сето ова е резултат на бројните кадровски проблеми – лани од министерството за финансии немале одобрено ниту едно редовно вработување, и покрај тоа што недостасуваат стручни соработници, записничари, службници во писарници, курири, информатичари.. За ефикасно судство се потребни услови, а ако нема суштински мерки, и во иднина ќе се зголемува бројот на предмети кои се одолговлекуваат, алармира Камбовски.

-Во моментов судството ни функцнионира во хроничен кадровски дефицит. Недостаток на судии и судски службеници е најголема закана за ефикасноста на судскиот систем. Финансиската зависност ја ограничува реалната независност на судството. / Без суштинско подобрување на кадровската и финансиската состојба, постои ризик од дополнително влошување на ажурноста, зголемување заостатоци и натамошно намалување на довербата на граѓаните во судството,- Александар Камбовски – претседател на Судски совет.

Пратениците си ја префрлаат топката за тоа кој е виновен за поразителните податоци. Според опозицијата, актуелната власт треба да ги тргне рацете од судството и да им овозможи независна работа, додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека актуелната состојба е последица на претходната власт.

Во текот на минатата година до Судски совет пристигнале 425 претставки од граѓани, а само 13 биле оценети како основани, најголем дел поднесени поради незадоволство од донесени судски одлуки. Имало и 90 барања за поведување постапка за утврдување одговорност, во кои биле опфатени 161 судија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПИОМ: Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот, како што утврдија ревизорите

Фондот ја информира јавноста дека констатираните состојби се уште еден доказ за недомаќинското, неодговорно и занемарено управување со клучните државни институции во периодот до септември 2024 година..

ПИОМ: Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот, како што утврдија ревизорите

Во врска со објавениот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за ИКТ системите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Фондот ја информира јавноста дека констатираните состојби се уште еден доказ за недомаќинското, неодговорно и занемарено управување со клучните државни институции во периодот до септември 2024 година.

Извештајот на ДЗР јасно покажува каква состојба е затечена: години на лоша политика, отсуство на стратегија за сајбер-безбедност и игнорирање на основните безбедносни стандарди, со што директно се доведувала во опасност стабилноста на пензискиот систем.

Новото раководство на Фондот ПИОМ покажа дека со вистинска политичка волја и професионален пристап, работите брзо се менуваат.

Голем дел од констатираните пропусти на ревизијата веќе се надминати уште во текот на самиот ревизорски процес, додека значителен дел од препораките се веќе целосно реализирани или се во напредна фаза на имплементација.

Инвестиции во сајбер-безбедност во 2025 и 2026 година: За разлика од претходната пракса на занемарување на проблемите, во текот на 2025 и 2026 година реализирани се сериозни инвестиции и активности насочени кон зајакнување на контролите за пристап, подобрување на системите за заштита и зголемување на отпорноста на инфраструктурата, односно зајакнување на безбедноста и модернизација на информатичката инфраструктура.

Имплементирани се современи решенија за заштита, вклучително и Endpoint Detection and Response (EDR) и Managed Detection and Response (MDR) услуги, воспоставено е централизирано следење и анализа на безбедносните настани, а завршени се и активностите за сегментација на информатичката мрежа и дополнително зајакнување на контролите за пристап.

Во 2025 година Фондот во областа на континуитетот на работењето и заштитата на критичните податоци, воспостави Disaster Recovery инфраструктура на посебна локација надвор од седиштето на Фондот. Истовремено, се спроведуваат редовни процедури за резервно копирање и заштита на податоците, согласно воспоставените политики и процедури за информатичка безбедност.

Како дел од мерките преземени по ревизорските препораки, извршени се надградби на серверската инфраструктура и оперативните системи.

До средината на 2026 година беа заменети и модернизирани над 100 работни станици (endpoint уреди) кои користеа постари технолошки платформи, при што е обезбедено користење на поддржани и ажурирани оперативни системи и повисоко ниво на сајбер безбедност.

Паралелно со техничките унапредувања, извршено е ажурирање на интерните политики и процедури од областа на информатичката безбедност,

Во текот на 2026 година е извршено и доекипирање на ИТ секторот со нов стручен кадар и континуирано се реализираат и обуки за вработените согласно законските обврски и интерните програми на Фондот.

Фондот на ПИОМ останува целосно посветен на заштитата на личните податоци и информациите со кои управува. Безбедноста, доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците на осигурениците, пензионерите и корисниците на услугите се највисоки приоритети.

Фондот на ПИОМ и неговото раководство укажуваат дека се има јасна визија и смерници по кои се постапува во насока на подобрување на квалитетот на работата и заштитата на податоците со кои располага. Како дел од тие активности е и соработката со Светска банка и изготвувањето на Функционалната анализа на работењето на Фондот, врз основа на која се реализираат активности за организациско и кадровско зајакнување и модернизирање на работата на институцијата.

Фондот во оваа прилика упатува јасна порака до пензионерите и осигурениците:

Немало и нема компромитирање на Вашите податоци. Податоците на граѓаните се сигурни, а Фондот презема сè за гарантирање на нивната доверливост, интегритет и достапност.

Фондот на ПИОМ потенцира дека ревизорските препораки не се само формалност, туку патоказ за корекција на грешките од минатото. Наместо туркање на проблемите под тепих, новото раководство на Фондот воведува европски стандарди, целосна транспарентност и нулта толеранција за неодговорно работење.

Фондот на ПИОМ спроведувајќи ја политиката на Владата пред јавноста констатира дека граѓаните конечно добиваат институција која вложува во нивната безбедност и обезбедува сигурни, модерни и стабилни услуги, соопштуваат од Фондот на ПИОМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија

Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија, предводена од градоначалникот, при што се одржа средба на која се разговараше за можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка.

Јанчев: Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија

Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и добри практики во областа на лозарството, винарството и винскиот туризам, како и на можностите за соработка во културата и промоцијата на локалните потенцијали.

Кавадарци, како центар на Тиквешкиот вински регион, има богата традиција во лозарството и производството на вино, што претставува одлична основа за поврзување и заеднички иницијативи со општини од Италија, земја со истакната винска и културна традиција.

Оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на пријателските односи, размена на знаења и искуства и отворање нови можности за идни заеднички проекти во интерес на граѓаните на двете општини, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер