11- годишно момче јаде прекумерно за да го спаси татко си (ВИДЕО) - Канал 5

11- годишно момче јаде прекумерно за да го спаси татко си (ВИДЕО)

Малиот Кинез Лу Зикаун е прогласен за херој , зашто детето јаде и пет пати на ден за да го спаси својот болен татко.

11- годишно момче јаде прекумерно за да го спаси татко си (ВИДЕО)

Таткото на Лу боледува од леукемија веќе седум години , а лани докторите му рекле дека може да се спаси единствено со пресадување коскена срж. По направеното испитување , се покажало дека од целото семејство само тогаш 10 годишниот Лу има соодветна коскена срж. Но , се појавил проблем ,зашто детето е многу мало и имало само 30 килограми.

Затоа , сега јаде колку што може за да се здебели уште 15 килограми и да може да ја донира сопствената коскена срж и да го спаси својот татко. Идеалната тежина за донација е околу 50 килограми тежина.

,, Докторите ми рекоа дека мора да имам барем 45 килограми за да донирам коскена срж. Дури и ако боли , уште ќе јадам. нашето семејство не би можело да ја поднесе загубата на мојот татко.” , вели храброто момче.

Мајката на Лу , пак има други проблеми. Работи за ниска плата и тешко обезбедува пари за богатата и квалитетна храна што мора секој ден да ја изеде момчето.

YouTube video

Приказната за храброто момче од Кина го обиколи светот , па насекаде се формираат фондови за донација на семејството на Лу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Том Круз добива награда за животно дело

Признание за исклучителен придонес за филмот, холивудската ѕвезда, актерот Том Круз добива награда за животно дело .

Том Круз добива награда за животно дело

Мегапопуларниот актер Том Круз е добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт, која ќе му биде врачена во април следната година, соопштија денеска организаторите.

Наградата е посветена на зачувувањето и промовирањето на филмот. „Како актер и продуцент, тој внесува извонредна посветеност во сè што прави.

Она што особено го ценам е неговата длабока верба во филмовите и нивната моќ да ги зближуваат луѓето“, изјави Кетлин Кенеди, претседателка на Управниот одбор на Американскиот филмски институт.

Меѓу претходните добитници на наградата на Институтот се Бети Дејвис, Џин Кели, Елизабет Тејлор и Том Хенкс. Круз бил номиниран три пати за наградата на Филмската академија, а минатата година доби почесен „Оскар“ за животно дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година.

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, со кој буџетските проекции се усогласуваат со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите.

Министерката во експозето истакна дека вториот ребаланс е навремена реакција на глобалната неизвесност, геополитичките тензии и нарушувањата на енергетските пазари, кои влијаат врз економските текови и буџетските приходи.

„Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења, досегашната реализација и ефектите од мерките преземени во текот на годината. Ова е одговорен пристап во услови на неизвесност, да ги коригираме проекциите таму каде што реалноста го бара тоа, да ги намалиме расходите каде што има простор за рационализација, но истовремено да ги зачуваме средствата за законските обврски, здравствените услуги, социјалната заштита и приоритетните развојни проекти“, истакна министерката.

Со предложените измени, вкупните буџетски приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува непроменет на 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП.

Проекцијата за економскиот раст за 2026 година изнесува 3,5%.

На приходната страна најизразено намалување има кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари, како резултат на мерките за намалување на акцизите на горивата. На расходната страна се предвидува рационализација и поефикасно користење на јавните средства. Капиталните расходи се намалуваат поради пролонгираната динамика на реализација на одредени проекти и пониската реализација на средствата од сопствени приходи, донации и заеми.

Како што посочи министерката, корекциите се вршат таму каде што реализацијата го наложува тоа, без откажување од развојните приоритети.

„Нашата цел е Буџетот да остане реален, одржлив и развоен. Буџетската дисциплина не значи откажување од развојот, туку подобро поставување приоритети, поголема одговорност во трошењето и усогласување на обврските со расположливите средства. Продолжуваме со инвестиции во патната и железничката инфраструктура, образованието, животната средина, земјоделството, енергетската ефикасност и модернизацијата на јавните финансии, со поддршка од домашни и меѓународни финансиски извори“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Меѓу приоритетите остануваат патните проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д и патот Скопје–Блаце, како и железничките делници Белјаковце–Крива Паланка и Табановце. Продолжуваат активностите за изградба и унапредување на системите за водоснабдување, канализација и управување со отпадот. Средства се насочуваат и кон енергетска ефикасност, образовна инфраструктура, реконструкција на студентските домови, земјоделството, локалните инфраструктурни проекти.

Министерката посочи дека со предложениот ребаланс се обезбедува усогласување на буџетските проекции со реалните економски движења, редовно исполнување на законските обврски и продолжување на приоритетните развојни проекти, со одговорно управување со јавните финансии и задржување на планираниот буџетски дефицит.

Расправата во Комисијата за финансирање и буџет по предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година во рамки на Комисијата за финансирање и буџет трае најмногу 10 дена.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Албанија: Тепачките од улиците се префрлија во парламентот- се степаа пратениците (ВИДЕО)

Албанскиот парламент беше место на сериозни тензии и физичка пресметка меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата за време на седницата, што доведе до општ хаос меѓу пратениците.

Хаос во Албанија: Тепачките од улиците се префрлија во парламентот- се степаа пратениците (ВИДЕО)

Според достапните информации, пратеникот на Демократската партија (ДП) Фламур Нока се упатил кон мнозинскиот дел од салата за да ги земе своите картички за гласање, а му се придружиле и други пратеници, објави Топ Ченел.

Ситуацијата брзо ескалирала кога пратеникот на Демократската партија Фидел Крека удрил гласачко ливче, а потоа го турнал поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа. Овој потег предизвикал физичка пресметка меѓу двајцата.

YouTube video

Други пратеници, и од мнозинската и од опозицијата, веднаш се вклучиле во конфликтот, што довело до масовна тепачка во собраниската сала.

Тензиите за време на седницата ескалирале во физички пресметки меѓу пратениците, претворајќи ја парламентарната дебата во сцени на хаос.

YouTube video

Во меѓувреме, голем број демонстранти се собрале пред парламентот на Албанија, каде што биле присутни и голем број полициски сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер