На дното на езеро во Кипар најдено тело на дете, седма жртва на армиски офицер (ВИДЕО)

По повеќенеделна истрага , кипарската полиција на дното на езерото во близина на Никозија го најде телото на детето , седмата жртва на серискиот убиец Никос Метаксас.

Најденото тело се претпоставува дека е на филипинско девојче , чија мајка исто така настрада од 35- годишниот воен офицер во армијата на Кипар.

Тој беше упасен ан 18. април и тогаш призна дека убил четири Филипинци , меѓу кои и жена и нејзината ќерка , како и Романка и незината ќерка и уште една жена за која се претпоставува дека е од Непал.

Метаксас беше уапсен набргу откако турист случајно откри тело на жена , која подоцна била идентификувана како Мари Роуз Тибурсио , 38- годишна Филипинка.

На истото подрачје се најдени пет тела , меѓу кои и три во друго езеро. Денеска најденото тело се претпоставува дека е на Сиера – Гразе , ќерката на Марија Роуз .

И двете биле прогласени за исчезнати во мај 2018 година. Жртвите работеле на Кипар како куќни помошнички и работници на поле.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес ја критикуваше полицијата за недостатоци во истрагата на првиот случај на сериски убиец во историјата на оваа островска земја.

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер