Илјадници ги пречекаа Клинтон и Олбрајт во Приштина (ВИДЕО)

Илјадници жители на Косово му изразија добредојде на поранешниот американаски претседател Бил Клинтон и на неговата државна секретарка Медлин Олбрајт во Приштина.

Клинтон и Олбрајт се на Косово на одбележување на 20. годишнината од завршувањето на воениот конфликт во 2009 што резултираше со добивање независност на Косово.

Денеска 72- годишниот Клинтон и 82- годишната Олбрајт беа дочекани во Приштина како ројк ѕвезди , каде во вентарот на градот и беше откриена статуа на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Клинтон веќе има 3 – метарски споменик на главната сообраќајница во Приштина , која го носи неговото име.

,,Ја сакам оваа држава и секогаш чест ќе ми биде тоа што стоев покрај вас против етничкото чистење и за слобода.” им порача Клинтон на илјадниците насобрани во центарот на Приштина.

НГ од ВМРО ДПМНЕ:За прашања значајни како изборниот законик да се зборува транспарентно

Осумката од НГ од ВМРО ДПМНЕ, согласно своите заложби и принципи за конкретни чекори кои ќе придонесат кон демократизација на општеството и со тоа, позадоволни граѓани, бара место во работните групи за измени на изборниот законик. 

Функцијата на Собранието во парламентарна демократија каква што е и РС Македонија треба да се надоградува. Во таа насока, време е за прашања значајни како изборниот законик да се зборува транспарентно и со учество на повеќе страни. Пратеници, граѓански сектор, јавноста, треба да бидат дел од овој процес за истиот да заврши позитивно и како што е најдобро за демократијата. Никој нема ексклузивно право над овие значајни прашања, а нашето учество ќе го обогати процесот и ќе допринесе за поквалитетно решение.

НЕЗАВИСНА ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија

Интензитетот на сообраќајот зголемен, одрони на патот Делчево – Каменица

 Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна лента, информира АМСМ.

Изменетиот сообраќаен режим ќе трае до рaсчистување на коловозот.

Промена на режимот на сообраќај, во времетраење од шест месеци, од вчера има на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, поради изведување градежни активности за поставување електрично осветлување на крстосницата Другово, како и поставување индуктивни јамки на патниот правец Маврово-Кичево

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Специјална директна линија со рускиот претседател Владимир Путин

Денеска е предвидено да се одржи традиционалната годишна специјална директна линија со рускиот претседател Владимир Путин, која ќе биде емитувана во живо на повеќе руски телевизиски канали.

Претседателот Путин ќе одговора на прашања во врска со јавниот, политичкиот и социоекономскиот живот во земјата, но и на меѓународни прашања.

Луѓето можат да ги поставуваат своите прашања со телефонски повик или порака и преку веб-страница на телевизиската програма, како и преку посебна мобилна апликација.

притисни ентер