Индија гори на 50 степени – починаа најмалку 36 лица од топлотен удар

Најмалку 36 лица починаа во Индија , меѓу кои најбројни се сиромашните работници кои од руралните подрачја работат тешка физичка работа во градовите.

Државната служба за катастрофи објави дека рекордно високи температури се измерени во повеќе индиски држави. Во главниот град на Индија , Делхи , се измерени рекордни 48 степени , што е историски највисока температура.

Во градот Чару во северозападната држава Раџастан се измерени рекордни 51 степен.

,,Ова е најстрашен топлотен удар досега. Во 2015 топлотниот бран беше забележан во девет држави , а сега зафати 23. “ , рече експертот за клима Ануп Кумар Сривастава.  

Западните и јужните делови на Индија дополнително се соочуваат со недостиг на вода поради предолгиот сушен период.

Што експлодира и предизвика земјотрес на границата меѓу Кина и Северна Кореја ?

Во близина на границата меѓу Кина и Северна Кореја денеска е почуствуван земјотрес, иако станува збор за сеизмички неактивно подрачје.

Според агенциите , Кина се сомнева на некаков вид експлозија , што го предизвикала потресот. Се уште не е познато која би била причината за земјотресот . Според ББЦ , можно е да имало експлозија и во некој од пограничните рудници.

Според податоците од кинеската служба за мерење на земјотреси , во 19:38 по локално време, се почувствувал земјотрес со јачина од 1,3 степени. Земјотресот се чувствувал во градот Ханчун недалеку од границата.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг оваа недела ќе ја посети Северна Кореја, прв пат по 14 години.

Пендаровски од Криволак: Членството во НАТО е гаранција за нашата безбедност и просперитет

Воениот полигон во Криволак беше домаќин на најголемата воена вежба „Одлучен удар“.

Учество земаа пет земји членки на НАТО, САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора и Македонската армија како претендент за членство.

На воената вежба присуствува и претседателот и врховен командант на армијата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министри во владата, в.д. Амбасадорката на САД Микаела Швајцер-Блум, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на САД, Бугарија, Албанија, Грција и НАТО, како и амбасадори и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.

Сугарески: Преку 100 милиони евра инвестиции во патишта во Југоистокот

Инвестициите во капитални објекти се реализираат како никогаш до сега. Во моментов во овој регион реализираме инвестиции од преку 100 милиони евра само во изградба и реконструкција на патишта. 

Тоа се најголеми инвестиции до сега и со такво темпо ќе продолжиме и во наредниот период, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид во реконструкција на регионалниот пат Штип-Радовиш. 

Како што потенцираше министерот Сугарески, Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта се фокусирани на изградба на капиталните објекти и веќе првите резултати се забележани со раст на градежништвото од 7 проценти во првиот квартал. 

“Посебно очекувам драстично зголемување на капиталните инвестиции во вториот квартал бидејќи нема регион или место во државава каде не се одвиваат градежни активности, било во патишта, било гасификација. железници, комунални проекти или проекти што ги реализираат локалните самоуправи со сопствени средства.

Она што е за мене е најважно, е брза динамика на изградба и реконструкција на патната мрежа. На пример само во Југоисточниот регион во овој момент се реализираат инвестиции од преку 100 милиони евра во изградба на патишта и според  нашите проекции ќе се завршат сите во рамки на договорените рокови”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот потенцираше дека е завршена изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино, што е многу значаен проект за целата држава.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека реконструкцијата на патниот правец Штип –Радовиш ќе се заврши до месец август, а вкупната инвестиција е 2,4 милиони евра.

“Во моментов се работи на рехабилитација на над 400 километри патишта низ нашата држава, што регионални, што магистрални, што автопатишта. Не е потребата само да градиме нови автопатишта, а старите да ги забораваме. Во однос на вториот лот од новиот експресен пат Штип-Радовиш од штипската населба Три Чешми до мостот на реката Брегалница и од рудникот Бучим до влезот на Радовиш, завршена е квалификациската тендерска постапка, понудите на фирмите се испратени во Лондон во седиштето на ЕБОР и веќе очекуваме повратен одговор за да можат фирмите да доставуваат понуди. Во однос на на трсата од првиот лот од Штип до Радовиш градежните работи се одвиваат и пред роковите”, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

На новинарско прашање за реализација на капиталните инвестиции и двајцата потенцираа дека се работи интензивно на терен на сите инфраструктурни проекти и дека се очекува зголемување на капиталните инвестиции во вториот и третиот квартал.

притисни ентер