Миленко Неделковски може да одговара за ново кривично дело

На водителот Миленко Неделковски на кого веќе му се суди за говор на омраза, му се заканува уште едно кривично дело.

Од судот информираат дека за време на судењето, одбраната побарала да се снима сведочењето на Неделковски со камера. Ова било овозможено согласно законот, но ден откако цедето со снимката било предадено на одбраната на Неделковски,тоа се појавило на порталот Инфомакс.

 Од судот велат дека записите од рочиштата се само за користење на странките и не смеат да се објавуваат.

 Тоа според законот е казниво со затвор од 3 месеци до 5 години.

 За случајот е информирано обвинителството и судот очекува да биде утврдена кривична одговорност.

СДСМ: Мерките за поврат на ДДВ кон граѓаните како и навремениот поврат кон фирмите даваат одличен резултат

Со ребалансот на буџетот нови 300 милиони денари за оваа намена

Една од главните мерки од Програмата на СДСМ парите назад кај граѓаните носи  одлични резултати. Дополнително, имаме редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите.

Така, во 2019 заклучно со август извршен е поврат на ДДВ кон фирмите кој е за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година.

Тоа значи дека годинава во стопанството се инјектирани над 17 милијарди денари.

И мерката Мој ДДВ преку која ги враќаме парите назад кај граѓаните, дава одлични резултати.

Досега скенирани се близу 20 милиони фискални сметки, со што повратот на 15 отсто од платениот ДДВ изнесува 164 милиони ден или 2.666.000 евра.

Само во првите месеци од воведувањето на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 отсто во однос на минатата година.

Со ребалансот на Буџетот за 2019 година, 300 милиони денари се издвојуваат за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува посветено да работи во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку мерки со кои се намалуваат трошоците на граѓаните и се повеќе пари се враќаат во домашниот буџет, во секое семејство.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Могерини: Преговорите со Македонија и Албанија клучни и за ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини синоќа се сретна со премиерите и министри на шесте земји од Западниот Балкан, информираат од нејзината канцеларија.

На вечерата, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, се разговарало за европската перспектива на регионот и за остварениот напредок досега.

– Тие изразија поддршка за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија, подвлекувајќи дека оваа одлука е клучна не само за двете засегнати земји, туку за целиот регион и за ЕУ, стои во соопштението на кабинетот на Могерини.

Освен тоа, сите присутни се согласиле дека преговорите помеѓу Србија и Косово треба да продолжат и да се постигне договор за нормализација на односите на двете страни".

– Сите партнери од Западниот Балкан ја потврдија нивната силна заложба за ЕУ перспективата, истакнувајќи дека реформската работа продолжува како и регионалната соработка и добрососедските односи, велат од кабиентот на Федерика Могерини./МИА

Едно лица загина во сообраќајка во Скопје

Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Во сообраќајките две лица биле потешко, 16 полесно повредени, а во осум била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 72 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 50 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 58 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и шест почетници, како и  52 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле и осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престигнување, 16 возачи за не  користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, 11 возачи за не носење сигурносен појас, како и 19 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Тројца пешаци поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 194 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак", отстранети биле 152 возила. /МИА

притисни ентер