Тевдовски: Правдното оданочување успешна реформа, приходите од персоналецот со раст од 17,4 отсто

 Реформата за праведното оданочување е успешна.

Економските резултати се исклучително добри од почетокот на годината и најважно е што се користат за социјалната реформа, односно обезбедување фер општество и праведен раст за сите, оцени министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција презентирајќи ги ефектите и резултатите од реформата што стартуваше на почетокот на оваа година.

Тој додаде дека очекувањата од реформата се реализираат, фискалната политика директно влијае на економските резултати, а последните економски остварувања покажуваат дека економијата е во одлична кондиција. Ова, потненцира министерот, е доказ дека реформите во фискалниот систем се во вистинска насока.

Тевдовски наведе седум факти за економските резулати по спроведување на оваа реформа, што се однесуваат на зголемена вработеност, зголемена вработеност кај младите, раст на платите, раст на платите и вработеноста на ИТ секторот, раст на даночните приходи од личен доход, позитивни резултати кај бизнисите и раст на економијата.

– Бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица во првите три месеци од годинава, односно по воведување на праведниот данок. Невработеноста во првите три месеци од 2019 година е сведена на најниско ниво од споведување на анкетата на работна сила или 17,8 отсто што е за 1,6 отсто пониско ниво во однос на последното тримесејче од 2018 година. Иако, пред воведувањето на праведниот данок во јавноста беше изразена загриженост дека праведното оданочување ќе ја намали вработеноста, се случи сосема спротивното, односно само за едно тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица, рече министерот.

Друг факт, дополни, е што има сериозен раст кај вработеноста кај младите од 6 000 лица во споредба со последниот квартал од 2018 година, односно пред воведување на праведниот данок. Просечната нето плата, како што рече, е зголемена за 3,4 отсто и тоа е наспроти тезите дека воведувањето на праведниот данок ќе влијае на работодавачите да ги намалат платите на работниците. Министерот додаде дека во континуитет имаме зголемување на просечната плата.

Потенцира дека по воведување на прогресивното оданочувае нема намалување, туку и зголемување на просечната плата на програмерите за 5,5 отсто во споредба со првото тримесечја од 2018 година.

– Бројот на вработени во дејноста информации и комуникации исто така е зголемен. Во првото тримесечје на годинава во овој сектор има за 1 500 лица повеќе вработени во споредба со последното тримесечје на 2018 година, рече министерот, додавајќи дека овој сектор беше најблиску до границата за прогресивната даночна стапка.

Министерот оцени дека има добра наплата на данокот на личен доход каде за 17,4 отсто има повеќе наплата во споредба со истиот период лани. Ова, истакна, е спротивно на одредени тврдења пред воведување на праведното оданочување, дека ќе ја зголеми даночната евазија.

Како солидни ги оцени и остварувања во ралниот сектор од почетокот на одинава. – Индустриското произвоство во периодот јануари-април 2019 година е повисоко за 7,9 отсто во спордба со истиот период минатата година. извозот на стоки и услуги во периодот јануари-април 2019 година е повисок за 15 отсто во споредба со истиот период минатата година., рече министерот додавајќи дека ова е спротивно на некои мислења дека прогресивното оданочување ќе му наштети бизнисот.

И растот на економијата од 4,1 отсто, според министерот, покажува дека праведното оданочување не го блокира економскиот раст.

– Економските резултати се исклучително добри од почетокот на годината, а како што предвидовме со средствата од праведното оданочување се поддржува социјалната реформа, односно обезбедување фер општество и праведен раст за сите. Од неделата започна исплатата на зголемената социјална помош согласно правата предвидени со новата социјална реформа. Над 25.000 домаќинства добија гарантиран минимален приход, што за поголемиот дел од нив значи надоместок зголемен за 100 отсто, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со предизборното ветување за 500 евра просечна плата, рече дека тој е поборник платите да растат бидејќи најголемиот дел од граѓаните живеат од својот труд. Посочи дека веќе има раст од 3,4 отсто и оти ќе се подолжи да се прави притисок за раст на платите и на давање поддршка во бизнис задницата.

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори

Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули .

Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули Н.Е. Василка Треневска, Томи Димитровски, Веле Трпевски, Оливер Шамбевски и Драган Ѓурковски.

Во разговорот им ја претставивме нашата визија преточена во #платформа1198 и побаравме поддршка за следните активности на полето на дипломатијата и меѓународните односи.

Помеѓу другото се заложивме дека клучна стратегиска цел на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија. Исто така, заклучивме дека нашите надворешно-политички приоритети треба да се засноваат врз принципите на рамноправност, заемна доверба, солидарност, дијалог, меѓусебно почитување и реципроцитет.

Нашиот интерес е да градиме национално единство по клучните прашања , објави на ФБ Иванка Василевска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов

Поранешниот НФЛ играч Кори Канингем (28) вчера е пронајден мртов во неговиот дом во Клифтон, Њу Џерси, објавија американските медиуми.

Според извештајот на „РЛС Медиа“, се работи за самоубиство, откако неговата кариера во последно време беше во голем пад.

Во последните неколку месеци тој се обиде да се пробие во светот на претприемништвото и беше регистриран како агент на локална логистичка компанија во Њу Џерси.

Канингам присуствуваше на колеџот Синсинати и играше за Аризона Кардиналс, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џајантс за време на неговата кариера во НФЛ. Неговиот последен ангажман беше во Далас Каубојс, каде членуваше само како тренер, а доби отказ во јануари минатата година. Тој беше член на тренинг кампот на Џиновите претходното лето.

Поранешниот клуб, Њујорк Џајантс се прости од него.

- Тажни сме поради веста за смртта на Кори Канингем. Тој беше клучен дел од духот и заедништвото во соблекувалната. Нашите мисли се со семејството на Кори, пријателите и соиграчите - се вели во соопштението на клубот.

Буневски: Производството на сопствена храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја

Денеска беше промовиран дел од Програмата за земјоделство и производство на храна од Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.

За мерките пред новинарите зборуваше професорот Ѓоко Буневски, кој рече дека Македонија е традиционално аграрна земја, со учество на земјоделството во бруто-домашниот производ од околу 10 проценти, односно, заедно со преработувачката индустрија 12-15 проценти и е на третото место, после индустрискиот сектор и услугите.

„Во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија имаме преку 40 предлог мерки за подобрување на секторот производство на храна, но тука ќе ги истакнеме само поважните:

- Воведување забрана за пренамена на земјоделско земјиште од прва. до трета категорија за друга намена, освен за производство на храна.

- Приоритетно доделување земјоделско земјиште на локалните фармери, а не на странски инвеститори. Локалните фармери мора да имаат приоритет при доделувањето земјоделско земјиште. - Форсирање на синџирот "од нива до трпеза".

- Субвенционирање по предадени земјоделските култури по загарантирана откупна цена“, рече Буневски.

Тој додаде дека сме сведоци на состојбата каде земјоделските производи се откупуваат од земјоделците и под нивната производна цена, што го прави производството на храна непрофитабилно и неконкурентно. „Токму затоа, рече тој, - сметаме дека е многу важно за развојот на оваа гранка да се обезбеди откуп по загарантирани цени“.

Буневски потенцира дека покрај овие мерки, Движењето ЗНАМ ќе се заложи да се зголемат субвенциите во земјоделството барем на ниво на соседните земји, а буџетот од сегашните 160-180 милиони евра да се реорганизира и да се воведат нови мерки за субвенционирање. Исто така, тој рече дека ќе предложат мерки за да се намали, па дури и запре напуштањето на селото и земјоделството, особено со поголеми стимулирања на млади фармери, на жените фармери, како и поголеми погодности за отворање бизнис во овие средини. Како што рече Буневски, ќе се обрне големо внимание на мерките за подобрувањње на квалитетот на храната, а ќе се подобри и степенот на советодавни услуги за земјодлеците, а особено засовремените технологии и иновации во секторот, професор Буневски потенцира дека многу важен сегмент е брендирањето на традиционалните производи и производи со познато географско потекло и рече дека во момментот 160 производи чекаат и стојат во фиока.

Како мерка која треба да се воведе, е и заштитата на генетските ресурси во растителното и сточарското производство. Исто така за да може да се подобри севкупната ситуација во овој сектор Буневски рече дека ЗНАМ ќе воведе стипендирање на деца од земјоделски земејства на земјоделските школи и факултети.

„Земјоделството бара долгогодишна стратегија, а не брзи политички инстант решенија, која политичка партија доаѓа на власт, како од неа да почнува се. Производство на своја храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја. Затоа сметаме дека е неопходно да дадеме максимум за земјоделството, максимум за Македонија“, рече Буневски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер