Корисниците на Фејсбук од целиот свет пријавуваат проблеми

Корисниците на Фејсбук , кои ги уредуваат страниците на оваа социјална мрежа веќе неколку часа пријавуваат проблеми.

На многумина од нив целосно им се изгуби можноста за објавување на страниците, а можат само да ги прегледуваат веќе објавените постови.

Проблеми имаат медиумите и компаниите кои својата содржина ја објавуваат бна Фејсбук страниците , додека приватните корисници денеска немале пробле со објавување на личните профили.

Од компанијата засега нема објаснување за ваквиот проблем , кој го пријавиле корисниците од Европа , САД и од делови на Азија.

ЦЕРН ја прекина соработката со Мајкрософт

Меѓународната институција за нуклерани истражувања ЦЕРН , односно најголемниот светски акцелератор на честички , ја прекина соработката со компанијата Мајкрософт. 

Иако "Мајкрософт" и понуди многу попусти за последните 20 години на оваа европска научна организација, минатата година објави дека работите ќе се сменат. Според новите одредби на оваа компанија, ЦЕРН повеќе не ги исполнува условите за припадност во категоријата академски институции со кои компанијата преговара за поевтини цени. Затоа, во март 2019 година, ЦЕРН понуди нов договор, кој всушност бил 10 пати поскап од претходниот, објави Бизнис Инсајдер.

По ваквите обесхрабрувачки договори, ЦЕРН одлучи да продолжи да работи без "Мајкрософт" или да се префрли на софтверот со отворен код како дел од новиот проект "Мајкрософт алтернативи" (MAlt).

"Проектот" Мајкрософт алтернативи "(МАЛТ) започна пред една година како одговор на очекуваното зголемување на надоместоците за софтверски лиценци", напиша Емануел Орманцев од ЦЕРН.

Ова лето започнува пилот проект во кој се вклучени волонтери и ИТ одделот на ЦЕРН, со цел пренесување на оваа научна организација во нова е-мејл услуга. После тоа, тие планираат да го прават истото со услугата на Скајп и други услуги.

ЦЕРН се надева дека другите академски институции ќе го следат неговиот пример.

"Ова е единствена можност за ЦЕРН да покаже дека не е потребно, поради своите основни услуги, да зависат од комерцијалните добавувачи, да ја контролираат податоците и да им овозможат на следната генерација на услуги да се прилагодат на потребите на заедницата. Се надеваме дека ЦЕРН ќе ги охрабри партнерите да соработуваат на овој нов проект ", напиша Орманцев.

Италијанска ѕвезда ги излажала фановите за да отиде на вечера со Путин (ФОТО)

Познатата италијанска актерка и поранешна манекенка , Орнела Мути (64) ги излажала своите фанови , кои купиле билети за нејзиниот настап , а таа заминала во Русија  на вечера со Путин.

Италијанската  ѕвезда Орнела Мути е прогласена виновна за користење лажно докторско оправдување за да го избегне рециталот во местото Порденоне и да замине во Санкт Петерсбург на вечера со рускиот претседател Владимир Путин. На вечерата биле и други ѕвезди од шоу бизнисот како Жерар Депардије , Моника Белучи, Голди Хоун и Шерон Стоун.

Скандалот се случил во 2010 кога Путин бил премиер , а во петокот Врховниот суд на Италија ја казни актерката со шест месеци условна затворска казна и парично со 500 евра.Освен тоа , Орнела Мути ќе треба на театарот во Порденоне да му плати казна од 30 000 евра , зашто таму требало да настапи. Доколку не ја плати казната , ќе оди во затвор.

Врховниот суд ја потврди пресудата на два пониски суда , кои ја прогласија Мути виновна за измама. На одлуката на Врховниот суд нема жалба и со тоа е завршен долгогодишниот судски процес.Мути се правдала дека не множе да дојде бна рециталот зашто има ларингитис и температура.

Организаторите на рециталот се нашле во незгодна ситуација , зашто веќе биле продадени билетите , а ѕвезда на вечерта требало да биде Орнела Мути.

Но , кога се појавиле фотографиите од вечерата со Путин ,управата на  театарот решила да ја тужи Мути. Таа на суд рекла дека нема да може да ја плати казната од 30 000 евра.

Познатата италијанска актерка била исфрлена од станот во Рим , поради долг од околу 80 000 евра.

Хари и Меган ја објавија првата фотографија од кралското бебе Арчи

Војводата и војвотката од Сасекс прв пат објавија фотографија од својот новороден син Арчи.

Принцот Хари и  Меган Маркл објавија прва фотографија на шест недели стариот син Арчи Маунтбатен – Виндзор , по повод Денот на таткото. На стилизираната фотографија може да се види малиот принц Арчи , како го држи средниот прст на татко си и гледа во фотоапаратот.

,,Среќен ден на таткото.Посебен ден на таткото за војводата од Сасекс!” , пишува во објавата.

Претходно на официјалниот Инстаграм  профил на Хари и Меган има објавено фотографија на која се гледаат само малите ножиња на Арчи.

притисни ентер