ТехнологијаКорисниците на Фејсбук од целиот свет пријавуваат проблемиКорисниците на Фејсбук , кои ги уредуваат страниците на оваа социјална мрежа веќе неколку часа пријавуваат проблеми.На многумина од нив целосно им се изгуби можноста за објавување на страниците, а можат само да ги прегледуваат веќе објавените постови. Проблеми имаат медиумите и компаниите кои својата содржина ја објавуваат бна Фејсбук страниците , додека приватните корисници денеска немале пробле со објавување на личните профили. Од компанијата засега нема објаснување за ваквиот проблем , кој го пријавиле корисниците од Европа , САД и од делови на Азија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЕвропаЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговориНовиот 21 пакет санкции на ЕУ против Москва од Руската инвазија на Украина во 2022 година, вклучува одржување на сегашното ниво на горната граница на цената на руската нафта. Преговорите за новите економски санкции воведени поради војната во Украина се одолговлекуваа откако неколку земји инсистираа на ублажување на поединечните елементи од пакетот. На 22 јули беше објавено дека 27-те земји-членки на ЕУ донеле привремена одлука да го задржат горната граница на цената на руската нафта на 44 долари за барел во текот на една недела за да се спречи нејзиното автоматско зголемување. Мерката има за цел да ги ограничи приходите на Москва од глобалниот извоз на сурова нафта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невремеОпштина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата. Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи: Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија); Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист); Фотографии од локацијата по претрпената штета; Записник од МВР за настанатата штета; Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПаѓа довербата во владата на РадевСамо два месеца по преземањето на власта, бугарскиот премиер Румен Радев се соочува со првиот посериозен пад на довербата.Новото истражување на „Маркет линкс“ покажува дека поддршката за него и за неговата влада се намалува додека расте бројот на граѓани кои сметаат дека кабинетот не ги исполнува високите очекувања. Во мај Радев имал доверба од 56 проценти, а 22 проценти од испитаниците изразувале недоверба. Во јули неговиот позитивен рејтинг се намалил на 50 проценти, додека негативниот се зголемил на 33 проценти. Меѓу главните причини за падот се реакциите на предложениот буџет за 2026 година, недостигот од убедливи резултати во домашната политика и слабеењето на пораките за решителна борба против корупцијата и стариот модел на управување.Тагови: Бугарија Румен Радев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook