Симоновски: Од паркирани коли не можевме да стасаме до зградата

По вчерашниот пожар кој зафати зграда во Кисела Вода и реакциите во јавност повторно се постави прашањето за секојдневните ситуации со кои се справуваат пожарникарите.

Отежнати услови но и пристап на пожарникарите при интервенции. По вчерашниот пожар кој зафати зграда во Кисела Вода и реакциите во јавност повторно се постави прашањето за секојдневните ситуации со кои се справуваат пожарникарите.

Првиот човек на скопската Противпожарна бригада вели дека потешкотии да пристигнат на самото место имале поради некои возила кои и покрај противпожарната сирена не реагирале но и паркираните автомобили до зградата каде требало да интервенираат.

Огнената стихија зафати три стана а при гаснењето повредени беа тројца полицајци. Поради гушење и потешкотии со дишењето поради чадот на скопската Универзитетска клиника за токсикологија беа хоспитализирани 11 лица. 

Спој во електричната инсталација е најверојатно причината за вчерашниот пожар.Сепак официјално која е причината се уште не се потврдува со оглед на тоа што како што информираат од МВР и Обвинителството денеска се уште се прави увидот во опжарените станови.

Полицијата употреби солзавец во Хонг Конг

Демонстрантите во Хонг Конг денеска запалија кинеско знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Полицијата обвини некои демонстранти дека фрлале молотови коктели по маршот на повеќе од илјада лица во Туен Мун, област во северозападниот дел на градот.

Демонстрантите поминале околу два километри од игралиште до зградата на Владата.

Многу од нив биле облечени во црно и носеле чадори, симбол на нивното движење.

Протестот бил релативно мал во однос на претходните демнострации кои се одржуваат секој викенд од јуни.

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

притисни ентер