Реновирана Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје

 По неколку децении просториите на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје се целосно реновирани, а комплетно е обновен хируршкиот инструментариум и дел од опремата. 

Клиниката денеска ја посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

– На пациентите им овозможуваме врвна медицинска услуга, следејќи ги најновите светски стандарди во современата пластична и реконструктивна хирургија. Истовремено исполнети се сите услови за спречување на интерхоспиталните инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација, изјави Заев по посетата.

Премиерот информира дека покрај ова, тимот на пластични хирурзи на Клиниката под водство на професорот Оскар Азман од Медицинскиот универзитет од Виена, кој е и визитинг професор на Медицинскиот факултет во Скопје првпат извршија сложен оперативен зафат. Посочи дека и понатаму останува да ги усовршуваат медицинските лица, да го зголемуваат нивниот капацитет преку соработка со врврни експерти.

– Ги реализираме врвните заложби на Владата, односно се трудиме да обезбедиме најсовремени здравствени услуги кои се достапни за сите граѓани. Заедно со Министерството за здравство посветено креираме модели кои ќе обезбедат одржлив јавен здравствен систем. Зачувувањето и заштитата на здравјето на нашите граѓани за нас е врвен приоритет, рече Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека и покрај тоа што се посветени на изградбата на новиот Клинички центар, сериозно внимание обрнуваат и на клиниките во рамки на кампусот. Оваа Клиника, како што рече, е целосно реновирана и може да даде врвна експертиза на сите пациенти во современи услови.

– Ова е Клиника што се реновира по Клиниката за неврохирургија, Интензивната нега, Клиниката за дигестивна хирургија. Завршува проектот за реконструкција на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување и со истата динамика ќе продолжиме со реновирање на дел од интерните клиники кои се наоѓаат во стара зграда. Овие две згради се најстарите и се од 40-тите години од минатиот век, рече Филипче.

Тој информира дека е при крај тендерската постапка за изработка на монтажни катни гаражи. Во следните две недели повторно ќе биде презентирана на Владата, по што ќе може да се објави.

Директората на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје Софија Пејкова изјави дека изминатите две години со колективот посветено работеле на создавање услови кои ќе обезбедат воведување современи методи.

– Пациентите добиваат врвен третман што е соодветен на третманот што би го добиле на клиниките во Европа. На тој начин нашата Клиника се вбројува како еден од водечките центри во регионот, рече Софија Пејкова, додавајќи дека ќе продолжат да ги следат светските трендови на пластичната хирургија.

На Клиниката денеска била извршена микрохируршка интервенција. Се земал мускул од ногата на пациентот, кој има свој крвен сад, нерви и се преместил на раката на пациентот. Пациентот е 25-годишно момче од Охрид, оперирано досега во неколку центри во Европа. Тој случајно го нашол професорот Азман во Австрија, кој му предложил операцијата да биде извршена тука.

Роча на чело на шпанскиот фудбал

 Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) Педро Роча е избран денеска за нов челник на организацијата.

Роча изминатиот период беше вршител на должноста претседател, откако поранешниот прв човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, беше принуден да се повлече поради скандалот кога ја бакна в уста репрезентативката Џени Ермосо за време на церемонијата на доделувањето на златните медали по финалето на Светското првенство минатата година.

Роча, кој наскоро ќе го прослави својот 70 роденден, беше единствен кандидат за претседателската должност.

Во четвртокот, шпанската Влада го стави РФЕФ под надзор поради можна корупција, поврзана со „многубројни грешки во управувањето“. /МИА

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

притисни ентер