Приказната за момчето кое учи под бандера , зашто родителите немаа да платат за струја , доби среќен крај (ВИДЕО)

Снимката на 11- годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордоба од Перу , кој учи под бандера зашто неговите родители немаат пари да платат струја , допре до душите на милиони луѓе низ светот.

Приказната за малото момче од Перу стигна и до 31- годишниот бизнисмен и филантроп од Бахреин , Јагуб Јусуф Ахмед Мубарак. Откако ја слушнал приказната Мубарак решил да замине во Перу и да му помогне на момчето.

Мубарак ја надградил и куќата во која живеел Виктор и сега има два ката. На мајката на Виктор и помогнал да отвори сопствен бизнис , а локалните власти ги поттикнал финансиски да го уредат училиштето.

Милионерот открил дека и самиот потекнува од бедно семејство , па затоа се надева на светла иднина за Виктор.

Мајката на Виктор уште е во шок и не може да сфати како за нивната сиромаштија дознал некој од арапска земја и од друг континент. Потегот на Мубарак , пак , наиде на големи пофалби и верба дека сепак има добрина кај луѓето.

Дневен хороскоп за 17. јуни 2019 година

Дневен хороскоп за понеделник 17. јуни 2019 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе ви се наметнат ситуации за да поработите на нов начин на изразување и однесување кон личности од спротивниот пол .

Кариера

Одличен ден за деловни патувања, состаноци или преговори. Работите ќе ви одат од рака.

Здравје и совет

Полни сте со елан.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Леснотијата со која ќе ги изразувате чувствата , ќе ве зачуди Се ќе покажувате и повеќе од јасно.

Кариера

Вработените во самостојни професии денеска ќе решаваат како да ја продолжат кариерата.

Здравје и совет

Движете се и уживајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можно е денеска да се решите за мали промени на некои заеднички навики , со кои ќе ги освежите меѓусебните односи

Кариера

Нема да заборавите ниту еден детал. Ќе се потрудите да ја разубавите работната средина.

Здравје и совет

Здрави сте и се грижите за здравјето.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Оние кои имаат врска на далечина , денеска ќе решаваат за иднината. Ќе бидете конструктивни.

Кариера

Ќе утврдите дека ви е важна една соработка со странци повеќе отколку што сте мислеле.

Здравје и совет

Стабилно

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Веројатно ќе ја анализирате вашата врска и ќе најдете мотив работите да тргнат во нова насока.

Кариера

Истражете ги новите деловни миожности преку преговори. Не треба сеуште да дефинирате , но може да се информирате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно подлабоко ќе се замислите и ќе го преиспитате вашиот статус во врската. Обидете се да бидете што пообјективни.

Кариера

Работи поврзани со естетика или со изразување на емоции денеска ќе ви бидат во прв план.

Здравје и совет

Можна е главоболка.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно најдобро ќе се чуствувате заштитени во својот дом. Денеска нема да ве интересираат излегувања.

Кариера

Нема да ви се работи , зашто ќе ви недостига енергија и мотивација. Сепак, она што морате , одработете го професионално.

Здравје и совет

Не претерувајте со колачи и благо.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас , па дури и ако сте во врска. Ќе се засили копнежот и спомените.

Кариера

Во текот на денот најверојатно ќе ви стане јасно во кој правец ја развивате кариерата.

Здравје и совет

Ве чека подобро утре.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние Водолии кои се во тајна љубовна врска, денеска ќе се најдат пред промена на статусот.

Кариера

Би можеле да препознаете нешто што не го гледаат другите и да делувате во таа насока. Некој можеби нема да ве разбере.

Здравје и совет

Некои бараат  нова терапија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Имате отворен дух и може да лесно да освојувате . Оние кои имаат партнер , се подготвени се да споделат со него

Кариера

Студентите решаваат битни прашања, Учениците постигнуваат резултати, стипендистите носат одлуки за стипендии.

Здравје  и совет

Следете ги своите идеи

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Не се откажувајте од заведување и страст , па дури и ако партнерот  ви е повеќе од верен. Тоа едноставно е ваш стил

Кариера

Ќе почувствувате голема поддршка од вашите колеги . Тоа обврзува и ја провоцира вашата одговорност на работа.

Здравје и совет

Победувате во битка.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои ќе решаваат како да ја зацврстат врската. Она што го замислиле доследно ќе го спроведат на дело.

Кариера

Средствата што ви стојат на располагање или што сте ги заработиле, денеска ќе сакате да ги потрошите на нешто убаво

Здравје и совет

Знаете што сакате.

Фото: „Немирната“ ќерка на Синиша Михајловиќ

Убавата ќерка на славниот екс југословенски фудбалер а сега тренер Синиша Михајловиќ, Вирџинија во моментов ужива на одмор со своето момче.

„Немирната“ Вирџинија немаше проблем да плажа да го „нападне“ своето момче 20 годишниот фудбалер на Јувентус Алесандро Вољако.

Младиот Алесандро е под договор со Јуве но се уште чека на дебито во дресот на „старата дама“ поради тоа што досега  беше  позајмуван во екипите на Падова и Порденоне.

Вирџинија и Алесандро уживаат на одмор, а ќерката на популарниот Миха редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги информира за нивните активности.

Фото: 54 годишна секс бомба!!!

Актерката Елизабет Хартли  неодамна го прослави својот 54 роденден но се уште е вистинска  секс бомба. 

Во нејзиниот случај дефинитивно важи поговорката дека за неа годините се само бројка.

Популарната Лиз и во шестата деценија од живото изгледа како девојка, поготово поради фактот дека се на неа е природно. 

Убавата актерка која има и свој бренд на костими за капење нема проблем да ги почести фановите на социјалните мрежи со фотки во бикини., на кои изгледа како вистинска секс бомба.

притисни ентер