Приказната за момчето кое учи под бандера , зашто родителите немаа да платат за струја , доби среќен крај (ВИДЕО)

Снимката на 11- годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордоба од Перу , кој учи под бандера зашто неговите родители немаат пари да платат струја , допре до душите на милиони луѓе низ светот.

Приказната за малото момче од Перу стигна и до 31- годишниот бизнисмен и филантроп од Бахреин , Јагуб Јусуф Ахмед Мубарак. Откако ја слушнал приказната Мубарак решил да замине во Перу и да му помогне на момчето.

Мубарак ја надградил и куќата во која живеел Виктор и сега има два ката. На мајката на Виктор и помогнал да отвори сопствен бизнис , а локалните власти ги поттикнал финансиски да го уредат училиштето.

Милионерот открил дека и самиот потекнува од бедно семејство , па затоа се надева на светла иднина за Виктор.

Мајката на Виктор уште е во шок и не може да сфати како за нивната сиромаштија дознал некој од арапска земја и од друг континент. Потегот на Мубарак , пак , наиде на големи пофалби и верба дека сепак има добрина кај луѓето.

Путин допатува во Пекинг, утре ќе се сретне со Си

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва пристигна во Кина, во прва посета на странска земја по неговиот реизбор за претседател.

Путин утре ќе се сретне со својот колега Си Џинпинг, а по разговорите на високо ниво, страните ќе потпишат неколку договори и документи, пренесе РИА.

Рускиот претседател и неговата делегација ќе присуствуваат и на државен прием и гала концерт посветен на 75-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу земјите и почетокот на Кросните години на културата, објави Вашингтон Пост.

Предвидено е Путин одвоено да се сретне со кинескиот премиер Ли Чианг.

Путин претходно изјави дека координацијата на надворешната политика на двете земји промовира воспоставување праведен мултиполарен светски поредок, кој, како што наведе, е основа на идниот успех на руско-кинеското сеопфатно стратешко партнерство.

Во интервју за агенцијата Ксинхуа, тој истакна дека современите односи меѓу Русија и Кина ја надминуваат идеологијата и претставуваат стратешки избор на двете земји без оглед на политичката ситуација.

„Денес односите меѓу Русија и Кина достигнаа највисоко ниво во историјата, и покрај предизвикувачката меѓународна ситуација, овие односи продолжуваат да се развиваат“, додаде Путин.

Албанецот, кој ги држел децата како заложници и пукал од калашников:Сакав да ги заштитам(ВИДЕО)

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца, додека пукаше со калашникови во станот, наводно рекол дека „ги зел децата за да ги заштити“.

Првите резултати од истрагата покажуваат дека тој ги земал децата како заложници додека бил под дејство на наркотици, но се чекаат резултатите од истрагата, а полицијата се уште истражува кој бил мотивот за ваквиот драматичен чин, објави Политико.

Во овој момент не се знае дали уапсениот татко има психички проблеми и каква е состојбата во семејството.

Да потсетиме, соседите ја слушнале пукотницата околу 2 часот и 20 минути и веднаш повикале полиција, која притрчала на местото на настанот. Утврдено е дека пукањето од автоматско оружје се случило во изнајмен стан, кој Алекс го изнајмил пред една недела.

Полицијата веднаш започнала преговори со него, но Алекс одбил да го спушти оружјето и да ги предаде децата. Тој испукал неколку истрели во самиот стан и од терасата.

Во раните утрински часови полицијата успеала да влезе во станот, а Алекс се предал полугол. Децата биле пронајдени неповредени.

По влегувањето во просториите, полицијата пронашла оружје кое било фрлено врз облеката на децата и најмалку 18 чаури. На видеата се гледа дека мажот пукал во стаклото од терасата, а неколку истрели завршиле во ѕидовите на балконот.

Американските доктори наскоро го напуштаат Појасот Газа

Администрацијата на претседателот Џо Бајден е ангажирана во извлекувањето на американски лекари од Појасот Газа, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Група американски лекари од Палестинската американска медицинска асоцијација потврдија за Вашингтон пост оваа недела дека биле блокирани во Газа откако Израел го затвори граничниот премин Рафа.

„Внимателно ја следиме оваа работа и работиме да ги извлечеме американските граѓани од Газа“, рече Жан-Пјер и потврди дека американската администрација „директно се ангажирала со Израел“ за ова прашање.

Администрацијата на Бајден го предупреди Израел да не започне голема воена копнена операција во Рафа, но според Жан-Пјер „напорите да се извлечат лекарите продолжуваат без оглед на тоа што се случува таму“.

притисни ентер