„Само Вистина“ со Здравко Чолиќ

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше Здравко Чолиќ.

- Почнав со вокално-инструментални настапи со групата „Амбасадори“, на крај Кемал Монтено ми понуди песна која првично била наменета за Јосипа Лисац но ја одбила и за брзо се видов во насловните страници на повеќе списанија, пишуваа „Новото име – Здравко Чолиќ“, тоа беше моментот кога сфатив дека ќе се занимавам со музиката но не како гитарист туку како пејач, раскажува Чолиќ.

- Во времето на Тито се беше во знакот на авторитарноста и тоа беше резултат на општествено-политичкото уредување кое владееше, некој го сакаше него, некој не, јас го обожував и на многу фестивали сум пеел песни посветени за него, вели Чолиќ.

- Договорот кој го направија Македонија и Грција е само географски компромис и мило ми што тензиите кои преовладуваа меѓу двете земји сега се завршени, за мене Македонија секогаш ќе биде Македонија, смета Чолиќ.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Исчезнат е дедо Мирослав

Исчезнат е Мирослав Видовски.

Го нема седум дена. Дедото има 73 години и живее во Центар, на улицата „11-ти октомври“, од каде му се губи трагата.

Неговото семејство се јави во Канал 5 порачувајќи доколку некој има било какви информации да се јави на бројот 077-626-145 и да ја информира госпоѓа Милка.

Повредена 18-годишна девојка откако во неа удрил возач на голф

 Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато", вчера околу 18:30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф" со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот".

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

УЈП ќе постави информативни пултови за мерката за поврат на ДДВ

 Управата за јавни приходи (УЈП) денеска попладне ќе постави пулт „Мој ДДВ" во Веро 2 Тафталиџе во Скопје, каде граѓаните ќе можат да се информираат за мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ.

Вакви промоции на Мој ДДВ во наредниот период ќе се случуваат во повеќе градови низ државата, најави УЈП. 

притисни ентер