Исповед на ТВ водителка, живее во брак без секс!!

51- годишната ТВ водителка, новинарка и писателка Урлике Џонсон поднела барање за развод од сопругот Брајан Монет по 11 години во брак, поради тоа што осум години во бракот немала сексуален однос со мажот.

Познатата новинарка мислела дека веќе  никогаш нема да има секс и дека тој дел од нејзиниот живот е готов поради тоа што имала 50 години.  

„Пред две години, како ми се ближеше мојот 50 ти роденден помислував дека веќе никогаш нема да имам секс. Живеев во брак без секс. Скоро една деценија немав сексуален однос. Тоа просто не е во ред! Се чувствував неприродно и како тој дел од мојот живот е завршен“ , признала Урлика .

Таа смета дека сопругот не можел да и стори нешто полошо.

Водителката воедно признала дека на почетокот на нивниот брек кој започнал пред 11 години имало сексуална хемија, но дека никогаш нема да и биде јасно зошто пламенот исчезнал!.

Коњаниците од Скопје се подготвуваат за Илинденскиот марш

 Дваесет коњаници од Скопје интензивно се подготвуваат за традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41 пат.

Коњаниците, како што соопшти Општина Аеродром, имаат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар. Годинава меѓу коњаниците има и три жени. Тие беа избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш.

Коњичкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978", а Општина Аеродром и Град Скопје и оваа година финансиски ќе го поддржат овој традиционален настан.

На коњаниците од Скопје ќе им се придружи и група коњаници од Маврово и заедно ќе влезат во Крушево. 

Глобално предупредување поради вирусот Ебола во Конго

Светската здравствена организација ја прогласи Еболата за закана за јавното здравје на меѓународно ниво, откако смртоносниот Ебола вирус продолжи да се шири во североисточниот дел на Конго.

Зафаќајќи го градот Гома, каде живеат повеќе од 2 милиона жители.

Светската здравствена организација вчера објави ретко користено глобално предупредување откако околу 1700 луѓе умреа од високозаразниот вирус од август минатата година, што е втор најлош биланс на некоја болест во историјата.

Дневен хороскоп за 18. јули 2019 година

Дневен хороскоп за четврток , 18. јули 2019 година. 

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол.

Кариера

Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи.

Здравје и совет

Стабилни сте и цврсти.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе.

Кариера

Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска.

Кариера

Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано.

Здравје и совет

Поминете го слободното време со пријателите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност.

Кариера

Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите.

Здравје и совет

Бидете трпеливи и издржете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време.

Кариера

Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака.

Кариера

Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност.

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку.

Кариера

Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска на многу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски.

Кариера

На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Ќе бидете весели.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно.

Кариера

Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение.

Здравје и совет

Цврсто стоите на земја.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување.

Кариера

Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци.

Здравје и совет

Успешно се справувате со уморот.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни.

Здравје и совет

Ќе се засили вашата смисла за хумор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво.

Кариера

Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате.

Здравје и совет

Немате смисол за хиерархија.

притисни ентер