Со милкшејк нападнат најголемиот приврзаник на Брегзитот (ВИДЕО)

Необичен напад преживеа лидерот на британската партија за Брегзит , Најџел Фараж во градот Њукасл.  

Лидерот на партијата шетал низ градот , кога му пришол 32- годишен маж и го полил со милкшејк , упатувајќи му навреди.

До нападот дошло откако фараж иммсе обратил на приврзаниците на партијата во рамки на кампањата за евоизборите.

Полицијата го идентификува напаѓачот како Пол Краутер , кој веднаш беше уапсен. Медиумите пишуваат дека станува збор за приврзаник на владејачките лабуристи и дека произведува свое пиво. Пред нападот објавил фотографија на милкпшејк , кој потоа го фрлил врз политичарот.

На Твитер се огласи и напаѓачот кој напиша дека е задоволен што успела да го погоди Фараж , како и нападнатиот кој изрази револт поради радикализацијата на оние кои сакаат Британија да остане во Европската Унија.

Трамп е подготвен да наметне нови царини за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе и наметне дополнителни царини на Кина , доколку не биоде постигнат трговски договор со претседателот Кси Џинпинг.

,,Ќе наметнам дополнителни царини, многу повисоки давачки ако не успееме да постигнеме договор", рече Трамп во интервјуто за Fox Business Network.

Тој вели дека постои можност да се постигне договор и да се избегнат дополнителни тарифи на Самитот  Г-20 во Јапонија овој викенд.

Кина и САД се вклучени во трговска војна , обележани со наметнување на царини , додека  разговорите меѓу лидерите на двете земји во мај беа откажани.  Трамп во интервјуто  рече дека Кина е запознаена со барањата на САД и се надева дека тие ќе овозможат да се постигне трговскиот договор.

Планот на Трамп е да го ограничи бизнисот со Кина во случај на неуспех да се постигне договор со Пекинг. Запрашан за компаниите кои имаат намера да го пренесат своето производство од Кина во Виетнам, Трамп рече дека Виетнам е уште полош кон  САД отколку Кина.

Заврши собраниската седница: разрешени Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието ги  разреши владините министри во досега најголемата реконструкција од владата на Зоран Заев.

Скоро едногласно од фунцијата беа разрешени Драган Тевдовски, Сухејл Фазлиу и Хазби Лика.

Во жестока атмосфера која траеше скоро цел ден, најголема дебата отвори предлогот на премиерот Заев да биде и министер за финансии.Сепак, уште на самиот почеток тој го повлече предлогот, откако претходно реагираа Антикорупциската комисија и опозицијата.

Со реконструкцијата, политичката партија НДП го загуби министерското место во локална самоуправа, а на тоа жестоко реагираше лидерот Весел Мемеди.

Утре продолжува расправата за избор на новите министри.

Борисов: Очекувам Бугарија и Северна Македонија да ги задржат добрите соседски односи

Очекувам Бугарија и Република Северна Македонија да ги задржат добрите соседски односи, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Пловдивскиот економски форум.

Борисов изрази надеж дека на претстојната средба на земјите од Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Познањ, ќе биде донесено решение Република Северна Македонија и Бугарија да бидат заеднички домаќини на следниот собир во овој формат.

– Историски ние сме војувале со сите соседи, како резултат на тоа регионот на Балканот заостана. Сега ги сменивме работите. Се надевам дека ќе ги надминеме сите потешкотии, изјави Борисов.

Тој потсети дека за време на претседавањето со ЕУ минатата година, Бугарија во рамки на Унијата ја наметна „најсложената, опасна и тешка тема" за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан. – Се надевам дека колегите еден ден ќе го ценат тоа, додаде Борисов.

– Имаме ретка шанса, на оваа територија наречена Балкан, која е толку натопена со крв како ретко кое друго место, сите ние да создадеме прекрасна бизнис клима, порача Борисов во обраќањето пред учесниците на Форумот.

Пловдивскиот економски форум се одржува втора година по ред и на него присуствуваат претставници на владите, бизнисот и невладиниот сектор од повеќе европски земји, кои разговараат за предизвиците поврзани со економскиот раст и конкурентноста на Бугарија и Југоисточна Европа.

Дел од темите за кои ќе се дискутира на овогодишниот Форум се поврзани и со перспективите на земјите од Западен Балкан, очекувањата од новиот Европски парламент и новата Еврокомисија, како и со демографските и здравствените проблеми. 

притисни ентер