Битката за Триполи не запира- на жителите им е сопрена водата

Вооружена група денеска го запрела главниот доток на вода до Триполи , откако со недели трае опсадата на градот.

Групата вчера нападна една станица на водоводната мрежа , што носи вода од Сахара, соопштија од компанијата , која управува со овој систем. Напаѓачите  им наредиле на вработените да го исклучат системот , за кој постројките се на 400 километри од Триполи.

Источното крило на Либиската национална војска на Калифа Хафтар почнаа со нападите на Триполи на почетокот на април , а во јужните преградија на градот против нив се борат војниците верни на премиерот Фасјез ал-Сараж , кој ја има поддршаката на Обединетите нации.

До сега во битката за Триполи загинаа најмалку 510 лица , а над 75 000 цивили го напуштија градот.

Во Полска трае потрагата по спелеолози, заглавени во пештера (ВИДЕО)

Полските спасувачи стравуваат за животите на двајца спелеолози , кои се заробени во пшештера во полските Татри , откако вода го преплави тунелот и им го препречи излезот.

„Условите во пештерата се тешки. Температурата е околу 4 целзиусови степени. Се плашиме за животот на заробените спелеолози“, рече Јан Кристоф, шеф на ТОПР, полската Служба за спасување во планина.

„Клучното прашање е: дали преживеале? Сè уште не знаеме каде се наоѓаат, а областа што сакаме да ја пребараме е долга околу 30 метри“.

„Чувствуваме дека тие се близу до спасувачите, можеби на 10 метри, но друго прашање е колку време е потребно за да стигнат до нив“, рече Кристоф.

,,Само за да стигнеме до местото каде се заробени, потребни се околу осум часа, па дури и повеќе за да се подготви патеката за евакуација."

Најголемата закана за спелеолозите е хипотермијата. Според четворицата спелеолози кои успеале да излезат од пештерата, двајцата колеги имаат астро фолии , што може да им помогнат да ја задржат телесната топлина.

Спелеолозите се заробени во пештерата Виелка Снијежна уште од саботата.

Џонсон ги повикува Меркел и Макрон на нов договор за Брегзит

Британскиот рпемиер Борис Џонсон ги повика денеска Франција и Германија да ги сменат ставовите за Брегзит и да се согласат на преговори за нов договор за заминување на Британија од ЕУ.

Во спротивно , Џонсон најави дека е подготвен Британија да излезе од ЕУ без договор.

„Ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври - со или без договор“, рече Џонсон на прес конференцијата  новинарите во Трур, во југо-западниот дел на Англија.

„Нашите пријатели и партнери од другата страна на каналот не се колебаат да се премислат. Во ред е, сигурен сум дека ќе го сторат тоа“, додаде тој.

„Се надевам дека разбираат дека треба да се согласат на компромис“, одговори британскиот премиер на прашањето за неговите претстојни средби со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон оваа недела.

Џонсон ќе се сретне со Меркел во среда во Берлин и со Макрон во четврток во Париз.

Вуковиќ: И армијата да се вклучи во отстрелот на диви свињи

Африканската свинска чума е вирусна, болест која не е опасна за човекот но е економски катастрофална за свињарството е се поблиску до нашите граници. 

Дали се преземаат доволно превентивни мерки побаравме мислење од науката која ги следи состојбите и кај нас но и во Србија и Бугарија каде ја има оваа болест.

На оваа тема Игор Манасиевски разговараше со Владо Вуковиќ , професор по свињарство.

притисни ентер