Русија се огради – Немаме ништо со политичкиот скандал во Австрија

Русија нема ништо со политичкиот скандал во Австрија , каде се објавени компромитирачки снимки од политичари од владејачка партија со наводна руска милионерка.

Снимката на која се гледа лидерот на крајно десната владејачка партија, Ханц -Кристијан Штрахе, резултира со пад на владејачката коалиција.

,,Тоа е приказна со која немаме ништо , која со нав нема врска и не можело да има врска.” , изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Политичката криза во Австрија се појави кога германските весници Зидојче Цајтунг и Дер Шпигел објавија тајно снимени видеа на Ибица на кои поранешниот лидер на Слободарската партија Ханц -Кристијан Штрахе, преговара со наводна руска бизнисменка , внука на руски олигарх и и нуди предност при доделување на јавни тендери за бизнис вреден 250 милиони евра.

,,Не знаеме која е таа жена , ниту дали е со руско потекло или има руско државјанство.” , дополни Песков.

Рускиот олигарх , Игор Макаров , кој се спомнува на снимката вели дека не е роднински поврзан со жената на видеото.

Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија

Федерика Могерини утрово од Луксембург ја честиташе годишнината на Преспанскиот договор и ги повика земјите членки да донесат позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија.

,,Денеска е една година од потпишувањето на Преспанскиот договор помеѓу Северна Македонија и Грција и мислам дека треба да се потсетиме на моќта на храброста и лидерството, и важните чекори кои се преземаа на Балканот. Се надевам дека земјите членки ќе се сетат и ќе оддадат признание за овие чекори, посебно во наредните денови кога важна одлука треба да се донесе за отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, одлука што треба да се донесе во најкус можен рок, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург со кој таа претседава.

Могерини ќе го започне денешниот состанок со неколку збора за Преспанскиот договор и ќе им упати слични пораки на министрите на земјите членки на ЕУ утрово.

Истите тие министри утре ќе заседаваат во форматот „општи работи" во Луксембург утре, а на дневен ред ќе биде отворањето на преговорите со Албанија и Македонија.

Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со земјава во најбрз можен рок

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика земјите членки на ЕУ да ги отворат преговорите за членство со Северна Македонија што е можно побргу.

Одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, комесарот Хан посочи дека земјите членки сѐ уште преговараат на оваа тема.

-Можам само да повторам дека треба да се отворат што е можно побргу затоа што направија сѐ, не е само сигнал за Северна Македонија, туку за целиот регион, порача Хан пред состанокот.

Комесарот оценува дека недоделувањето датум за преговори во најкус можен рок за Македонија може да влијае врз српско-косовскиот дијалог.

-Ако ги отвораме повторно преговорите со Србија и Косово, тие треба да видат дека инвестирањето во изнаоѓање политички компромис се наградува, инаку нема да имаат мотивација, мислам дека е важно луѓето да разберат колку е важно да и се даде сигнал на една земја во интерес на целиот регион, рече Јоханес Хан.

Засега во нацрт-заклучоците на ЕУ, се предвидува септември 2019 како датум за преговори за Албанија и Македонија, но тоа не е доволно според Хан.

-Не го сакам зборот компромис во овој контекст, тоа е  нешто што морам да го прифатам. Мојот предлог беше дека секогаш кога една земја исполнува, и ние мораме да испорачаме, затоа и секое одлагање носи ризик, а јас не сакам да има ризик онаму каде е непотребно, изјави комесарот Хан.

Запрашан која е неговата порака до Франција и Холандија, кои имаат најголем отпор кон отворањето преговори со Скопје и Тирана, Хан ги повика да ја имаат на ум регионалната ситуација во целост.

-Една земја енормно инвестираше во својата европска перспектива, лидерите покажаа храброст и лидерство, и ако не ја наградиме ние губиме одговорност и кредибилитет, како и влијание, сѐ што инвестиравме во последните години е во опасност ако не се држиме до нашите ветувања, предупреди Хан../МИА

Заев: Нема предвремени избори, одиме на реконструкција на Владата

Реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори, продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид..

Избран е и нов извршен одбор на партијата, а потпретседатели ќе се бираат во следниот период.. Премиерот Заев по седницата најави дека до крајот на неделава ќе се знаат промените во Владата, но и на повеќе директори на јавни институции..

Јулијана Николовска е во Охрид..

притисни ентер