Евакуирана Ајфеловата кула во Париз (ВИДЕО)

Ајфеловата кула е евакуирана , откако бил забележан човек кој се искачува по неа.

Една од најголемите туристички атракции во Париз , Ајфеловата кула , е затворена попладнево за посетители , а сите на неа биле евакуирани , откако полицијата забележала маж како се качува по неа.

Полицијата и пожарникарите се на самото место и почнуваат акција за да го симнат непознатиот маж.

Ајфеловата кула , која неодамна го прослави својот 130 . јубилеј , со својата височина од 324 метри , е атрактивна дестинација за авантуристи , но искачувањето по неа е забрането, освен по скалилата или со лифт.

Бизнисмен заврши во затвор за споделување на видеото од масакрот во џамиите на Нов Зеланд

Бизнисмен од Крајстчрч е осуден на 21 месец затвор , зашто го споделувал во живо видеото од масакрот во џамиите на 15 март , кога беа убиени 51 лица. 

Филип Невил Арпс  во Окружниот суд на Крајстчрч на Нов Зеланд се изјасни за виновен по две точки од обвинението за споделување на видеозапис на 15. март преку Фејсбук.

Тој е еден од шестмината обвинети за дистрибуција на видеото од масакрот. Судијата рече дека Арпс не покажал никакво жалење кон жртвите и дека неговите сфаќања за музлиманите може да се споредат со оние на Хитлер.

Арпс го споделувал видеото со своите 30 вработени.

,, Вашиот чин го глорифицира и охрабрува масовното убиство извршено под изговор за расна и верска омраза.” , рече судијата Стивен О’Дрискол.

Адвокатот на Арпс рече дека тој не треба да оди во затвор и поднесе жалба во Врховниот суд. 

Судењето на напаѓачот на двете џамии , Брентон Тарант , треба да почне во мај 2020.

Вонредна состојба во Јапонија по силниот земјотрес и најава за цунами (ВИДЕО)

Попладнево во северниот дел од Јапонија е објавена вонредна состојба со предупредување за цунами , по земјотресот од 6,8 степени по Рихтер.

Се очекува цунами од 10 метри да удри во градот Сендае , во префектурата Мијаги. Епицентарот на земјотресот е во морето на длабочина од 10 километри. Јапонската агенција Кјодо објави дека по земјотресот околу 9 000 домаќинства останале без електрична енергија .

Исклучена е нуклеарната електрана Кашивазаки – Карива , и тоа сите седум реактори , кои се на удар на можното цунами.

 

Премиерот Шинзо Абе одржува состанок за вонредни состојби , од каде ги предупредија жителите на можните афтершокови.

Двајца Тетовци подведувале дете за сексуални услуги по хотели низ градот

Против двајца Тетовци се води истражн апостапка поради трговија со дете. Тие искористиле 15 годишно девојче за да врши сескуални услуги за други лица за да заработуваат од неа.

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово. Лицата се сомничат дека сториле по едно кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по чл.418-г ст.1 од Кривичниот законик. Имено, осомничената, искористувајќи ги сознанијата од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка, е со починат татко и болна мајка и живее во тешки семејни и материјални услови, го земала девојчето во својот дом. Таа, од користољубие преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето - жртва.

Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето.

Второосомничениот, како сосед на осомничената, иако знаел дека детето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, истиот го искористил девојчето за остварување на парична заработка

Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги. Ценејќи дека се исполнети законските услови, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Ваквиот предлог Судот го прифати, па со решение на двајца осомничени им определи притвор во траење од 30 денa, се наведува во соопштението на МВР. .

притисни ентер