Норвешката принцеза е вљубена во бисексуален шаман (ВИДЕО)

Откако на Инстаграм ги објавија фотографиите од својата романтична врска , шаманот кој го освои срцето ан принцезата Марта , стигна во Норвешка и заедно со неа продаваат билети за неговиот спиритуален настан во пет града.

Ексцентричната принцеза објави во вторникот дека шаманот Дурек , чие вистинско име е Дерек Верет е најзина сродна душа и ново момче. Не е познато кога и како се запознале , но нивните први фотографии датираат од декември минатата година.

Извори блиски до принцезата за медиумите изјавила дека тие се лудо вљубени и дека принцезата воедно е и негова клиентка.

Медиумите наведуваат и дека тие биле сродни души и се познавале во текот на повеќе поранешни животи , а сега може да му помогнат на светот со своето племе , нивните следбеници. Дурек верува дека во претходниот живот бил крал и дека со принцезата Марта бил во брак во текот на повеќе претходни животи.

Верет во вторникот пристигна во Осло со две внуки , каде ги пречека принцезата марта и ги однесе кај неа . Од овој викенд двојката заедно ќе настапува на семинари и на шамански ритуали за медитација , што како што се наведува на билетите ќе ги носи присутните ,,На патување низ тајните на животот”. Билетите се продаваат по цена од 65 до 140 долари.

Инаку , норвешката принцеза Марта Луис (47) по 14 години брак во 2016 се разведе од сопругот Ари Бен , со кого заеднички се грижат за трите деца.

По критиките на социјалните мрежи , принцезата објави дека веќе не сака да живее според општествените норми и дека нејзиниот избраник има 44 години и е роден во Сакраменто , САД.

Мадона одговори на критиките по очајниот настап на Евросонг

Една од главните теми на социјалните мрежи е очајниот настап на Мадона на Евросонг.

Кралицата на поп музиката во ревијалниот дел на фестивалот имаше настап и отпеа две песни, за што заработи 2 милиони долари.

Но , нејзиниот настап од милиони на социјалните мрежи беше оценет како дебакл, со фалшеви кои ги коментираа и музичарите , како и гледачите на Евросонг.

Мадона реши да се огласи на Инстаграм по коментарите на нејзиното пеење. Таа објави фотографија во костумот од Тел Авив , со коментар ,, Мадам Х не слуша зло.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Madame ❌ Hears no Evil............... #future #eurovision #madamex

A post shared by Madonna (@madonna) on

Само ќерката на Ален Делон не го навреди и му ја даде Златната палма во Кан

Легендарниот актер Ален Делон имаше проблеми поради своите ставови , а беше организирана и петиција за да не му се додела Златната палма во Кан за животно дело.

Сепак легендарниот актер Ален Делон (83) ја прими наградата , а му ја додели неговата ќерка Анушка Делон (28) , која исто така е актерка.

Јунакот на филмовите ,,Самурај” и ,,Замрачување”  се соочи со бојкот дури и од неговите колешки , како на пример Салма Хајек , која не дојде во Кан поради ставовите на Делон во врска со истополовите бракови и нивните барања за посвојување деца.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#cannes2019 #cannes2019 #stopviolence #metoo #stopviolenceagainstwomen #alaindelon ❤️✊🏻

A post shared by Sand Van Roy (@sandvanroy) on

Делон јавно се фали и дека бил голем шармер и имал многу жени , поради што беше покрената петиција и собрани над 20 000 потписи за да не му се даде наградата за животно дело на Канскиот филмски фестивал.

Иако Делон ја доби наградата ,с епак тоа не помина без скандал. Откако беше прикажан и филмот ,,Господин Клајн “ од 1976 во кој Делон ја игра главната улога на црвениот тепих се појави актерката Санд ван Рој (28).

Таа на грбот имаше привремена тетоважа и напис ,,Стоп за насилство над жените”. Оваа актерка лани го обвини режисерот Лук Бесон (60) за силување , во чиј филм глумела во 2017. , но немало судење поради недостаток на докази.

Затворска драма на Британка која чека стрелање, додека виновникот ужива во луксузни хотели (ВИДЕО)

Британката Линдзи Сандифорд , која е осудена на смртна казна на Бали поради криумчарење дрога.

Британката веќе шест години чека на извршувањето на смртната казна и вели дека подобро би сакала да ја егзекутираат , отколку да чека. Таа има 62 години и затворските денови ги мунува во плетење играчки и облека за своите внуци.

Во исто време со неа биле уапсени уште тројца Британци , но по извесно време биле екстрадирани во Британија , каде се ослободени.  Линдзи на својата цимерка Хедер Мак и раскажала дека и е доста од чекање.

Американката раскажува дека во затворот се зближила со Линдзи и кон неа се однесувала како кон ќерка. 23- годишната Американка , осудена за убиство на својата мајка , вели дека Британката била активна во разни групи во затворот , но дека во поселдно време се изолирала и барала да ја стрелаат што побргу.

Сандифорд е осудена на смртна казна во 2013. , откако на суд изјавила дека британски криумчари ја принудиле да пренесе кокаин од Тајланд на Бали.

Наводниот водач на групата 50 – годишниот Џулијан Пондер од Брајтон е пуштен во 2017 од затвор , откако се прочуло дека платил повеќе милиони фунти мито за да го ослободат .

И додека 62- годишната баба чека стрелање, организаторот на шверцот на кокаин ужива во хотелите во Тајланд и Малезија во друштво со својата 23 – годишна девојка.

притисни ентер