Се појави нова снимка од запалениот авион во Москва (ВИДЕО)

Десетина дена по страшната несреќа на московскиот аеродром , се појави нова снимнка  од принудното слетување на рускиот патнички авион , кога животот го загубија 41 луѓе.

На снимката , објавена денеска се гледа како пилотот од вториот обид успеал да го приземји авионот , кој пред тоа неколку пати се одбива од пистата. По тешкото слетување , задниот дел на ацвионот се запали , поради што бројот на загинати е толку голем.

Пилотот раскажал дека авионот на Аерофлот бил погоден од молња , што довело до трагедијата. Капетанот на летот, Денис Евдокимов за руските медиуми изјави дека авионот полетал кон Мурманск со 73 патници и петмина членови на екипажот ,кога веднаш морал да бара принудно слетување назад на аеродромот во Москва поради тоа што откажале инструментите.

Капетанот изјавил дека авионот се запалил зашто со целата тежина удрил од пистата.

притисни ентер