Штрајк на грчките државни болници

Грчките државни болници ќе штрајкуваат денес. 

Здравствените установи ќе прифатат само случаи на вонредни состојби, објавија локалните медиуми.

Синдикатите инсистираат на повеќе пари во секторот и подобри работни услови. 

Исто така, ги повикува пациентите да престанат да плаќаат за лекови и здравствена заштита.

„Јавното здравје има потреба од инвестиции во човечки ресурси, медицинска опрема и инфраструктура, така што граѓаните ќе можат да престанат да плаќаат некои од трошоците за лекување”, порачуваат организаторите.

Милијардер го отплатил студентскиот долг на целата генерација

Околу 400 дипломци на колеџот ,,Морхаус “ во Атланта добиле неочекува и голем подарок.

Дипломците во Атланта , во американската држава Џорџија добија неочекуван подарок за крајот на школувањето. Милијардерот и филантроп Роберт Смит решил да го отплати студентскиот долг на целата генерација дипломци во износ од 40 милиони долари.

Пред да им ги исплати долговите на студентите за школување , овој технолошки инвеститор на универзитетот му подарил 1,5 милион долари.

Со милкшејк нападнат најголемиот приврзаник на Брегзитот (ВИДЕО)

Необичен напад преживеа лидерот на британската партија за Брегзит , Најџел Фараж во градот Њукасл.  

Лидерот на партијата шетал низ градот , кога му пришол 32- годишен маж и го полил со милкшејк , упатувајќи му навреди.

До нападот дошло откако фараж иммсе обратил на приврзаниците на партијата во рамки на кампањата за евоизборите.

Полицијата го идентификува напаѓачот како Пол Краутер , кој веднаш беше уапсен. Медиумите пишуваат дека станува збор за приврзаник на владејачките лабуристи и дека произведува свое пиво. Пред нападот објавил фотографија на милкпшејк , кој потоа го фрлил врз политичарот.

На Твитер се огласи и напаѓачот кој напиша дека е задоволен што успела да го погоди Фараж , како и нападнатиот кој изрази револт поради радикализацијата на оние кои сакаат Британија да остане во Европската Унија.

Еколошка катастрофа – Уништени плажи од разгледниците(ВИДЕО)

Шокантното видео ги прикажува плажите на Кокосовите острови , кои порано беа главен мотив на разгледниците за рајски острови.

Плажите сега се затрупани со 238 тони пластични отпадоци. Инаку , овие острови и припаѓаат на Австралија и се наоѓаат во источниот дел на Индискиот океан.

Порано беа опишувани како ,,рај на земјата”. населени се само два од вкупно 27 корални острови , каде живеат околу 600 жители. На островите растат кокосови палми и се опкружени со кристално тиркизна вода. Но , научниците открија шокантен податок дека овие острови се прекриени со пластичен отпад , 11 пати повеќе од каде било на земјата , ако се спореди територијата на островите.

Пластичниот отпад на овој остров е за еднократна употреба и океанот го нанесува на плажите.

Др. Анет Фингер од Универзитетот Виктоириа во Мелбурн вели дека е вознемирувачки што производството на пластика и натаму е во пораст. Речиси половина од пластиката произведена во последните 60 години е со производство од последните 13 години.

Вели дека во 2010 во океаните завршиле 12,7 тони пластика , а од произведената пластика дури  40 проценти станува отпад уште истата година.

Како резултат на прекумерната употреба на пластика за еднократна употреба Фингер смета дека до сега во океаните се насобрале 5,25 трилиони парчиња пластичен отпад.

притисни ентер