Заев на Фејсбук: Жените во Северна Македонија мора да се еднакви, сигурни и почитувани

Жените треба и мора да се почувствуваат еднакви, сигурни, почитувани, вклучени и целосно интегрирани во општество со нулта толеранција за било каков облик на насилство, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

-На презентација на Извештајот на ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените истакнав дека покрај досегашните напори на Владата, работиме на нови и јасни законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кои се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички и да ставиме крај на истото. Наша заедничка обврска е тоа да го овозможиме. Да нема дилеми – жените се нашата сила за напред и наши еднакви партнери, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Вонредна состојба поради бубонска куга

Властите на градот Бајан Нури во кинеската провинција Внатрешна Монголија издале предупредување откако во градот починал пациент кај кого била дијагностицирана бубонска куга.

Локалната власт стоопшти дека е воведена вонредна состојба во целиот реон во кој живее починатиот пациент, и дека во карантин се ставени седум лица кои имале близок контакт со заразениот човек.

Во провинцијата Внатрешна Монголија ова бил вториот смртен случај од бубонска куга месецов.

Во Кина редовно се појавуваат заболени од куга, иако ширењето на оваа заразна болест е многу ретко во последно време.

Од 2009 до 20018 година во Кина се регистрирани 26 случаи на заболени од бубонска куга, од нив 11 случаи завршиле со смрт.

Фото: Лепа Брена во бикини

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена со семејството веќе неколку недели летува во монденското Монако.

Брена на своите фанови на социјалните мрежи редовно ги информира за своите активности во монденското летувалишти. Една фотка посебно ги воодушеви нејзините машки фанови.

Атрактивната пејачка која наското ќе наполни 60 години покажа дека за неа годините се само обична бројка.

Брена ги воодушеви фановите со фотографијата на кмоја позира на јахта во црно костим за капење кој го истакна нејзиното негувано и бујно деколте.

На плажа во Италија се породи жена која не знаела дека е бремена?!

45- годишна Австралијка која со семејстбото летувала во Италија се породила на плажа, а не знаела дека е бремена, пренесува „ Hafington Post".

Жената се породила на 1 август но веста е објавена денеска откако мајката и бебето здрави ја напуштиле болницата.

Машкото бебе е седмо дете на брачната двојка од Австралија која со години летува во местото Католици во близина на Римини, на италијанскиот брег на Јадранското море.

Мајката не знаела дека е бремена, почувствувала слабост и дури кога започнало породувањето сфатила што се случува.

Според медиумите, таа се породила на плажа а во необичното породување голем удел имала бабица која случајно се нашла меѓу посетителите на плажата.

Брачната двојка откако мајката и бебето зџдрави си заминале од болница на детето одлучиле да му го дадат името Паоло, по момчето дежурен спасител на плажата кое исто така многу и помогнало на мајката при необичниот настан.

притисни ентер