Американски фармер сам си ја ампутирал ногата , заглавена во машина за мелење пченка(ВИДЕО)

Фармер од Небраска сам со џебен нож си ја ампутирал ногата , што му се заглавила во машина.

Кертис Кејсер (63) префрлувал пченка од едно на друго место , кога ногата му се заглавила во машината за преработка. Веднаш сфатил дека мора бргу да делува ако сака да остане жив.

,,Не знаев што да правам и колку време ќе останам свесен. Речиси се откажав , а потоа се сетив дека кај себе го имам џебниот нож.”

Кејсер бил сам на фармата , па немало кој да му помогне , дури и да викал по помош. немал ниту телефон со себе , така што морал да се реши да си ја пресече ногата за машината да не му го сомеле целото тело.

Кога ја отсекол ногата , уште свесен и во шок , лазел до куќата за да дојде до телефонот и да повика помош. Набргу помошта стигнала со хеликоптер.

притисни ентер