Слично е и во БиХ. Некои села се целосно под вода.
Силниот ветар кој дува од неделата вечерта предизвика вистински хаос во Загреб, бидејќи се откорнати бројни стебла, испокршени гранки и автомобили, расфрлени штандови и откорнати кровови.
Градските служби имале повеќе од 700 интервенции, а пет лица се повредени.
Иако делувало дека не може да биде полошо, од тамошниот метеоролошки завод соопштија дека “пик“ на бурата се очекува денеска.
Како што пренесува хрватскиот портал Index.hr во Загреб имало големи проблеми и со градскиот сообраќај, а имало и испокршени семафори.
Сите служби во Загреб се на нозе, градските власти ги предупредиле граѓаните да не излегуваат од своите домови доколку немаат потреба за тоа.
Државниот хидрометеоролошки завод издал предупредување и денеска, за скоро целата земја поради силниот ветар и екстремната количина на дожд.
Истовремено, остатокот на Хрватска се бори со водостоите на реките, а посебно критично е на сливот на Сава, Уна и Купа.
Обилните дождови исто така предизвикаа поплави и во БиХ.
Најлошо е на северот на БиХ, како и во централните делови на земјата.
Поедини населби на северот на БиХ се целосно отсечени од остатокот на земјата бидејќи сообраќајниците се поплавени и целосно непроодни.
Граѓаните пријавуваат и проблеми со водоснабдувањето, но и со струјата. Како што пренесува Index.hr, најкритично е на подрачјето на Теслич, Жепча и Завидович.
На подрачјето на Нов Град во Република Српска се излиле Уна, Сава Јапра и Војскова и поплавиле неколку домаќинства.