Новак Ѓоковиќ супериорно го доби Мастерсот во Мадрид

Првиот тенисер на светот , Новак Ѓоковиќ , победник е на АТП турнирот од Мастерс 1000 серијата во Мадрид.

Ѓоковиќ во финалето убедливо го надигра Гркот Стефанос Циципас со 6 :3 и 6: 4. За 31- годишниот Ѓоковиќ ова е 74. АТП наслов во кариерата , а 33. на турнир од Мастерс 1000 серијата.

Во Мадрид Ноле по трет пат го подигна пехарот по 2011 и 2016 година. На младиот 20 годишен Циципас ова му беше втор настап во финале на некој Мастерс 1000 турнир и втор пораз откако лани во финалето во Торонто загуби од Рафаел Надал.

Циципас до сега има два освоени Мастерс турнири и тоа и двата годинава – во Марсеј и Есторил.

Шпанија е светски првак во кошарка

Кошаркарите на Шпанија в доминантен стил го освоија пехарот на Светското првенство во кошарка , што се одржа во Кина.

Тимот на селекторот Серџо Скариоло ја совлада Аргентина со 95: 75 и дојде до втората шампионска титула.

Ова е исклучително голем успех на Шпанците , кои далеку зад себе ги оставија Американците , на деветтто место , Србите, Французите...

Но , особено радосен на победата е Марк Гасол , кој успеа во подвигот што до сега му успеало само на американскиот кошаркар Ламар Одом. Гасол со тимот на Торонто репторс во НБА лигата го освои шампионскиот прстен , а сега и светското злато , два најголеми кошаркарски успеси во една сезона.

По освојувањето на втората светска титула, помладиот од браќата Гасол истакна дека сега е можност тимот да испрати некои важни пораки.

"Мора да им кажеме на младите луѓе дека тие треба да бидат добри луѓе. Сега е шанса да покажеме добри примери затоа што имаме внимание на медиумите. За мене беа добри три месеци. Среќен сум и благословен што сум во оваа ситуација", рече Гасол.

На прашањето дали Шпанија ќе ги има браќата Гасол и на Олимпијадата во Токио следната година , тој рече дека за ова не може да се разговара во моментов.

Навивачите го прекрија теренот со играчки , причината е извонредна (ВИДЕО)

Денеска во Ротердам беше одигран натпреварот од шестото коло на холандското првенство во кое домаќинот Фејнорд победи над екипата на Ден Хаг со 3:2.

Сепак головите и фудбалската игра паднаа во втор план пред она што се случуваше на трибините. Навивачите на Ден Хаг , кои во голем број стигнаа на теренот во Ротердам , го прекрија стадионот со плишани играчки.

Играчките се подарок за пациентите на детската клиника во Ротердам . Инаку фрлањето играчки на стадионите каде гостува нивниот тим , стана традиција за навивачите на Ден Хаг.

Евгениј Поп Ацев победник на Велешкиот пливачки маратон

Евгениј Поп Ацев од пливачкиот клуб „Вардар 2018"  го освои првото место на шестиот „Велешки пливачки маратон" на 10 километри кој се одржа на езерото „Младост".

Поп Ацев на целта стигна за 2:10:26, а за МИА рече дека ова е негово четврто учество на маратонт кој, според него, од нареднат година треба да да влезе во Фино Светската серија за маратони и да биде бодуван во светски рамки.

Второто место го освои Александар Илиевски од пливачкиот клуб „Нептун" од Скопје со време од 2:11:50

На трката од пет километри во машка конкуренција прв на целта стигна Андреј Стојановски од ПК „Нептун", втор Божидар Мирчевски од ПК „Работнички" и трет Петар Краљевски од Пк „Аква" од Куманово.

Јана Костадиновска го освои првото место на пет километри во женска конкуренција, втора беше Калина Стојчевска и трета Илина Јордановска, сите од ПК „Младост".

На трката од  2.500 метри од мажите прв до целта стигна Борјан Давковски од ПК Нептун, втор е Давид Јорданов од ПК Орион и трет Сидрид Деску од ПК Степ од Приштина. Во женска конкуренција првото место го освои Калина Стојановска од  ПК Нептун а втора пристигна Антонија Андовска од ПК Челични.

Во трката за аматери на 2.500 метри првото место го освои Дарко Поп Ацев.

На маратонот, кој од оваа година доби меѓународен карактер, учествуваа 80 пливачи од Турција, Косово, Бугарија и од Северна Македонија. /МИА

притисни ентер