Младиот Циципас го исфрли Надал и во финалето во Мадрид ќе се бори против Ѓоковиќ

Стефанос Циципас го шокираше Рафаел Надал во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид и со победа од 6 :4 , 2: 6 , 6 :3 , влезе во финалето во кое денеска го чека Новак Ѓоковиќ.

Фантастичниот грчки тенисер по повеќе од два и пол часа борба му нанесе трет по ред пораз на Надал . Минатата недела тој загуби во Барселона од Доминик Тием , а недела пред тоа во четвртфиналето од Фабио Фонини.

На Циципас ова ќе му биде прво финале во кариерата , а од понеделник ќе биде позициониран на најмалку седмо место во светот , што ќе му биде највисоко рангирање.

Доколку денеска го изненади Ѓоковиќ , ќе стигне на шестото место.

КСС: Хронично болните се враќаат на работа без ажурирана проценка на ризик на работното место

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска изрази загриженост поради враќањето на хронично болните на работа без ажурирана проценка на ризик на работното место согласно новата биолошка штетност од Ковид -19.

Според КСС, со ова се прескокнува Законот за безбедност и здравје при работа и сите овие вработени се втурнуваат во голем ризик по нивното здравје.

Од Синдикатот посочуваат дека работодавачите треба да ја ажурираат проценката на ризик на работните места, особено во оние компании каде веројатноста на изложеност на Ковид-19 е поголема.

– Бидејќи сите работници без исклучок се изложени на новата биолошка штетност САРС- КоВ- 2 вирусот, дали помалку или повеќе, а веќе со светските студии е утврдено дека хронично болните развиваат потешка клиничка слика, а тие од денес се враќаат на работа, а работодавачите немаат направено проценка на ризик кој е основен предуслов за кои специфични мерки и активности, компаниите ќе ги преземаат за секое работно место индивидуално. На некои работни места хронично болните, согласно мерките, можат безбедно да ја извршуваат работата, но на некои работни места им е загрозено здравјето значително повеќе, додека на некои работни места воопшто не треба да работат хронично болни лица, а сето тоа се утврдува со проценката на ризик на работно место, велат од КСС. /МИА

Ќе се обнови и прошири автопатската делница Катланово – Петровец

Со 7,2 милиони евра ќе се обнови и прошири автопатската делница  Катланово – Петровец на Коридорот 10.  Градежите работи се очекува да завршат за 10 до 12 месеци. 

Парите се обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

Министерит за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на градежните работи истакна дека делницата од Петровец до Катланово е многу значајна со оглед на тоа што Коридорот 10 е главен крвоток на државата, каде безбедноста мора да биде на највисоко ниво.

-Како што бев информиран се прави сериозна реконструкција и дури и рушење и реконструирање на мостот и на целиот слој на асфалтот заедно со подлогата. Коридорот 10 мора да биде највисоко можно ниво во делот на безбедноста и во делот на модернизацијата. Очекувам дека овде работите ќе завршат во наредните 10-12 месеци со што ќе имаме ефикасен и безбеден транспорт бидејќи при оваа реконструкција ќе се случат и одредени промени на заштитните огради, чистење на каналите што е исклучително и значајно за безбедноста поради одводот на патиштата во текот на движењето на сообраќајот по нив, а со тоа да ги намалиме и сообраќајните незгоди по нив, изјави Бочварски.

Тој повтори дека патиштата се приоритет број еден на Владата, како и дека продолжуват да работат со максимален фокус на реализацијата на капиталните инвестиции.

– Ова е начинот како треба да се работи, како и каде треба да се инвестираат средствата на граѓаните, потенцирапе Бочварски.

Рехабилитацијата со проширување опфаќа 5,179 киометри од десниот и 4.752 киометри од левиот коловоз. На терен се во тек активности за гребење на постоечкиот асфалт на десниот коловоз.

Како што информира директорот на Јавното претпријатие за државни патипта Зоран Китанов, на левиот коловоз ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување со плус уште една коловозна лента. – На овој потег сега има само две коловозни ленти. Проширувањето ќе биде во внатрешниот зелен појас на автопатот со што ќе се избегне дополнителна експропријација. На левиот коловоз ќе се руши постоечкиот мост над Ржаничиски канал од причина што мостот е со две коловозни ленти и ќе се изгради нов со три коловозни ленти, информира Китанов.

И на десниот коловоз на оваа делница ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз, а пред клучката Катланово, во должина од околу 460 метри ќе се прошири со уште една лента, каде што исто таа сега има само две ленти. На десниот коловоз ќе се изврши само рехабилитација на мостот над Ржаничискиот канал.

Соглсно со основните проекти, на левиот и десниот коловоз, во целост ќе се замени постоечката еластична ограда и ќе се вгради нова. Ќе се изврши рехабилитација на одводните канали и ќе се замени 40 проценти од постоечката жичана заштитна ограда на автопатот./МИА

Мојаноски: Позитивно е што се работи на отворање на прашањето на МПЦ-ОА пред Вселенската патријаршија

Стасусот на МПЦ нема да го реши ниту претседателот ниту премиерот, тоа е во надлежност на Вселенскиот патријарх. 

Професорот Цане Мојаноски, кој е поранешен претседател на Комисијата за односи со верските заедници, позитивно го оценува обидот на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за отворање на прашањето за статусот на Македонската православна црква пред Вселенската патријаршија.

– Стасусот на МПЦ нема да го реши ниту претседателот ниту премиерот, тоа е во надлежност на Вселенскиот патријарх. Она што треба да го направиме е да се обидеме тоа прашање да го отвориме, да го забрзаме неговото решавање. Во историјата на православието постојат бројни искуства што укажуваат дека световните власти покажувале интерес за решавање на црковни прашања. Така го гледам и односот на претседателот и на премиерот, рече Мојаноски.

Професот Мојаноски коментирајќи го обидот на македонските власти да покренат иницијатива за отворање на прашањето од потребата за признавање на МПЦ укажа и на изјава дадена од самиот Вселенски патријах Вартоломеј дека за организирање на православна црква треба да има и потреба во рамки на самата држава.

– Има значителен број држави во светот во кој живеат православни христијани, но тие држави не покажуваат интерес дека православните христијани треба да се организирани во посебна црква. Во тој контекст лично сметам дека односната активност на носителите на државните функции во земјата е постапка што демонстрираат нивен одговорен однос кон затворање на отворените прашања на патот на земјата кон ЕУ, рече Мојаноски.

За тоа колку може да трае решавањето на прашањето околу МПЦ, професорот Мојаноски појасни дека останува на самиот Вселенски патријарх, негово е правото да решава согласно начинот на кој го восприема светот.

– Таму важи принципот на едностарешинството, на почитувањето на најстариот – во случајот на првиот епископ кој по чин е еднаков со сите епископи, но прв по достоинство. Единствено тој има право да ги информира другите епископи односно другите цркви дека е формирана православна црква, истакна Мојаноски.

Истовремено тој укажа и на историските факти дека секоја црковна борба во православието за какви било прашања секогаш е зачинета со одредени политички интереси.

– Било која црковна борба, па и историјата на Охридската архиепископија, ќе видите значителен број историски искуства борби со Вселенската патријаршија, повторно последица на интересите, чија е таа црква, чиј епископ треба да раководи со неа, вели Мојаноски.

Поради тоа што македонските црковни власти како припадници на канонски непризнаена православна заедница немаат можност непосредно да општат со Вселенската патријаршија, треба да се најде соодветен субјект што треба да го информира Вселенскиот патријарх дека се создала нова црква, која живее според каноните на православието./МИА

притисни ентер