Навивачите на Лејкерси одржаа најтажен протест во историјата (ВИДЕО)

Навивачите на Лос Анџелес Лејкерси одржаа најтажен протест во историјата на клубот.

Тие изразија незадоволство од резултатите и начинот на функционирање на франшизата , која во моментов е во хаос. Надолниот пат за екс НБА шампиониот почна со заминувањето на Маџик Џордан , кој својата одлука прво им ја соопшти на навивачите , па потоа на раководството.

Лејкерси потоа неуспешно бараа нов тренер. Главните двајца кандидати , Монти Вилијамс и Тајрон Лу ги одбиле , зашто наместо петгодишни , им биле понуденио тригодишни договори. Сега никој не знае којги носи одлуките на теренот за време на играта на тимот , а се претпроставува дека тоа е сопругата на кошаркарот Курт Рембис , која е блиска пријателка со сопственичката Џини Бас.

Затоа се одржа протест , на кој дојдоа едвај десетина фанови и побараа Рембис да си замине од клубот, кој е во распаѓање.

Трагедија во Боливија- судијата почина среде натпревар (ВИДЕО)

Боливискиот фудбалски судија , 32- годишниот Виктор Иго Хуртадо почина вчеравечер на прволигашкиот натпревар меѓу Олвес Риди и Ориенте Петролер. 

Судијата Хуртадо во 54. минута на натпреварот паднал на теренот , по што му била пружена лекарска помош. Итно бил префрлен во болница , но не успеале да го спасат. Точната причина за смртта ќе ја покаже обдукцијата , но се смета дека судијата починал од срцев удар.

Оваа трагедија го отвори повторно прашањето за условите за играње фудбал , бидејќи стадионот во местото Ел  Алто е на најголема надморска височина на светот , на 4 150 метри , каде нема доволно кислород и фудбалерите се под посебен напор.

Надал ја освои 34-та Мастерс титула

Надал во финалето го победи Ѓоковиќ.

Рафаел Надал успеа да ја одбрани титулата. Во финалето Надал го победи Новак 1:2 (0:6, 6:4, 1:6)

За Шпанецот денешниот трофеј е негов јубилеен десетти од Мастерсот во Рим, а прв во оваа сезона и сигурно е добра најава пред претстојниот Ролан Гарос.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го „преживеа“ епскиот трилес и се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот 1000 во Рим.

Ѓоковиќ го доби четврфиналниот трилер против Дел Потро со 2-1 по сетови 4-6, 7-6 и 6-4 кој заврши во еден часот по полноќ.

Лидерот на АТП листата го победи  извонредниот Дел Потро во исклучително драматичен трилер кој траеше нешто повеќе од три часа.

Во нивниот 20 -ти меѓусебен дуел Ѓоковиќ по 16 пат во кариерата стигна до посакуваниот триумф.

На патот кон уште едно финале, противник на Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим ќе биде уште еден Аргентинец, одличниот Диего Шварцман кој во четврфиналето беше подобар од Јапонецот Кеи Нишикори.

притисни ентер