Адеми: Наскоро информација за запишување во училиште на невакцинираните деца

Министерството за образование и наука се уште нема став и насоки за невкацинираните деца кои треба да се запишат во прво одделение. 

Министерот Адеми објаснува за неколку дена ќе излезат со став и насоки за упис на првачињата.

Минатата недела од владата соопштија дека е донесена одлука невакцинирани деца нема да се запишуваат во училиште. Со ваквите изјави најзбунети родителите, кои велат дека досега само им барале вакцинанлен картон при уписите, но не биле одбиени од упис доколку детето не било вакцинирано.

Денеска од Комисијата за заразни заболувања ги потврдија мерките невакцинираните деца да не одат во градинка и дека вакцинацијата е единствен начин за излез од епидемијата. За епидемиолозите бројката од скоро 19 илјади невакцинирани граѓани е се уште висока.

Зголемен е бројот на заболени бебиња до една година за една недела заболеле вкупно 21 бебе. 1393 се заболеле од морбили од стартот на едпидемијата. 

Фото: Двометарска медуза

Медузите од овој вид обично растат околу 90 цм, затоа оваа медуза претставува вистинско чудо.

Биологот Лизи Дали и фотографот Дан Абот, велат дека никогаш во животот не виделе толкава медуза. „Видовме неколку мали медузи а потоа наидовме на една огромна, моментот беше неверојатен“ рече Лизи.

„FaceApp“ ќе биде под истрага

Американскиот сенатор Чак Шамер побара од Федералното биро за истраги (FBI) да спроведе истрага за апликацијата „FaceApp“ .

До ова дошло откако се појавиле гласини дека Русија ги искористува податоците од оваа апликација. Дали апликацијата која сите ја користат во последниве денови, можеби крие мрачна страна?

На тоа сеуште немаме одговор.

Сијамски близнаци раздвоени во Лондон

Сијамски близнаци кои биле споени со главите, успешно се раздвоени во Лондон после неколку операции кои вкупно траеле 55 часа.

Двегодишните сестри од Пакистан Сафа и Марва Улах, три пати биле оперирани во Болницата „Грејт Ормонд Стрит“ а во хируршките зафати кои биле направени во рок од 4 месеци, учествувале вкупно 100 членови од медицинскиот тим на болницата.

Хирурзите успеале да ги раздвојат нивните мозоци кои биле меѓусебно испреплетени во нивниот заеднички череп а потоа успеале да реконструираат два посебни черепа, користејќи ги фрагментите од заедничкиот.

притисни ентер