Драма во авион од Солун: Се скрши прозорец, на Србин главата му излезе надвор, сопругата го држи за нозете (ВИДЕО)
Мицкоски: Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” се зголемува и брои 59 пратеници, ДПТМ се приклучува
1Драма во авион од Солун: Се скрши прозорец, на Србин главата му излезе надвор, сопругата го држи за нозете (ВИДЕО)
2Мицкоски: Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” се зголемува и брои 59 пратеници, ДПТМ се приклучува
МакедонијаПоради посетата на папата навреме да се испланира движењето во СкопјеДоаѓањето на папата Франциск во Скопје го светна градот. Бината каде ќе се обраќа папата веќе се подготвува, се чисти фонтаната, а плоштадот од црно бела комбинација од денеска го разубавија и засадените дрвја фотинија.Се чистат улиците, се мора да свети до вторник. Освен естетиката на плоштадот, во голема мера е подигната и безбедноста. Граѓаните кои живеат во центарот на градот нема да можат да ги користат своите автомобили, движењето низ овој дел од градот ќе биде дозволено само со лична карта или пасош во период од 6 до 19 часот. МВР ќе врши безбедносна контрола, а на овие влезови ќе се пропуштаат граѓаните: кај Управен суд, влез кај хотелот „Мериот“, влез кај кафе „Тренд“, влез кај министерство за финансии, влез кај завод за статистика, влез кај Порта Македонија и влез предна страна од ГТЦ кон плоштадот. За возилата има целосен прекин во центарот на градот. Булевари каде ќе се дозволи движењето с е Кочо Рацин, улица 11 Октомври од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со булевар Борис Трајковски, и св. Кирил и Методиј, булеварите Св. Климент Охридски, Партизанска, Гоце Делчев и Самуилова. Посебен режим ќе има од аеродромот до Скопје од временски интервали 7.30 до 9 часот и од 17 до 18.30. Сообраќајот од излезот на Скопје во Автокоманда кон аеродромот ќе биде затворен во двете ленти и ќе биде пренасочен. На трасата Велес Скопје во овој период сообраќајот за влез и излез ќе се одвива преку трасата Миладиновци- Идризово- Маџари. Трасата Куманово- Скопје на клучката Миладиновци ќе се пренасочува кон обиколницата на Скопје, прв дозволен влез во град Скопје ќе биде клучката кај Радишани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
БалканДрама во авион од Солун: Се скрши прозорец, на Србин главата му излезе надвор, сопругата го држи за нозете (ВИДЕО)Патниците на летот на „Рајанер“ од Солун до Минхен доживеале драматични моменти откако, според извештаите на грчките медиуми, прозорецот на авионот се скршил за време на летот. По инцидентот, авионот се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун. Според грчките медиуми, декомпресија се случила во кабината, маските за кислород паднале, а патниците се обиделе да го држат човекот кој седел до оштетениот прозорец. Според тие информации, станува збор за 61-годишен државјанин на Србија. Патничка во авионот изјавила за Радио Солун 94.5 дека за време на летот се слушнал силен тресок. „Звучеше како да пукнала гума. Настана паника, луѓето врескаа и лелекаа бидејќи веднаш изгубивме висина поради декомпресија. Во еден момент помислив дека некој случајно го отворил излезот за итни случаи. Сите веднаш ги ставивме маските“, рекла таа. „Главата му беше надвор од авионот“ Истиот патник опишал и драматичен момент со 61-годишен патник кој седел до прозорецот. „Го зграпчија и го држеа. За среќа, не го симна безбедносниот појас. Главата му беше целосно надвор од авионот. Девојките што седеа до него го влечеа. И некои лекари дојдоа да му помогнат“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by RThess.gr (@radio_thessaloniki) Претседателот на грчката федерација на болнички работници ПОЕДИН, Михалис Јанакос, објави дека станува збор за „скоро трагедија“. Според него, телото на мажот завршило делумно надвор од авионот, а неговата сопруга ги држела неговите нозе додека другите патници не успеале да го вратат во кабината. „Во овој момент во болницата АХЕПА се наоѓа 61-годишен Србин со изгореници од триење што ги добил на летот за Минхен. Прозорецот на авионот се скршил, неговото тело излетало во воздух, а неговата сопруга ги држела неговите нозе за да не одлета. Со помош на многу патници, успеале да го вратат во кабината“, напиша Јанакос. Патникот завршил во болница, а бремената жена била прегледана Според информациите што ги објавија грчките медиуми, повредениот патник бил подигнат со амбулантно возило и пренесен во болницата АХЕПА во Солун. Според извештаите, тој претрпел повреда на вратот и изгореници од триење, а во болницата бил свесен. На истиот лет, бремена патничка била префрлена во болницата „Хипократ“ како превентивна мерка. Според достапните информации, на неа ѝ бил направен ултразвук, по што била отпуштена бидејќи не било пронајдено ништо загрижувачко.Тагови: авион Србинот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
ЖивотСветот минатата година добил речиси милион нови милионериСветот доби речиси еден милион нови милионери во 2025 година, објави Еуроњуз. Медиумот пресметал дека во просек дневно милионери станувале 2.700 луѓе, или речиси двајца секоја минута. Источна Европа го забележала најбрзиот процент на раст, додека Обединетото Кралство, Франција и Шпанија заостануваат зад САД во однос на вкупниот број нови милионери. Пет европски земји ги зазедоа првите пет места на глобалната ранг-листа на триесетте најбрзорастечки земји, односно, Литванија, Турција, Летонија, Унгарија и Ирска.Тагови: милионери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаМицкоски: Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” се зголемува и брои 59 пратеници, ДПТМ се приклучува Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува и брои 59 пратеници, ДПТМ се приклучува кон коалицијата.Почитувани претставници на медиумите, почитувана македонска јавност, Денес направивме уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските што ги презедовме пред граѓаните. Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија испраќаме јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели. Ова партнерство е засновано врз доверба, заемно почитување и искрена определба да се работи во интерес на сите граѓани. Посебно ми е драго што денес нашето политичко семејство станува побогато со Демократската партија на Турците на Македонија. Турската заедница е нераскинлив дел од нашето општество, народ кој со својата работа, традиција и лојалност со децении придонесува за развојот на државата. Нашата соработка е доказ дека вистинските политики ги поврзуваат луѓето, а не ги разделуваат, и дека кога постои искрена намера да се работи за граѓаните, различностите стануваат наша предност. Денес зборувам и како претседател на политичката партија која во овој момент ја има најголемата доверба кај граѓаните и претставува најсилниот политички субјект во државата. Некој можеби ќе очекува дека поради тоа сум задоволен. Но, искрено, не сум среќен кога гледам во каква состојба се наоѓа опозицијата. Бидејќи на државата ѝ е потребна силна, сериозна и конструктивна опозиција. Тоа е во интерес на демократијата, во интерес на институциите и, пред сè, во интерес на граѓаните. Од друга страна, парламентарното мнозинство продолжува да се консолидира. Практично Демократската партија на Турците на Македонија од денеска е составен дел на коалицијата, како дел од внатрешната коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското собрание и со тоа веќе парламентарното мнозинство добива уште еден пратеник дополнително, а пратеничката група на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент ќе брои 59 пратеници. Тоа за нас не е причина за самозадоволство, ниту политичка привилегија. Напротив, тоа е уште поголема обврска и уште поголема должност кон граѓаните. Колку е поголема довербата што ја добиваме, толку е поголема и нашата одговорност да испорачаме резултати. Истовремено, ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е силна, стабилна и моќна политичка структура, која ја препознаваат сè повеќе граѓани и политички субјекти. Но, мојата амбиција никогаш не била ВМРО-ДПМНЕ само да победува на избори. Победите се важни, но тие не се крајната цел. Мојата цел е ВМРО-ДПМНЕ да биде политичка сила која обединува, која ги поврзува луѓето околу заеднички вредности, околу развојот на државата и економскиот напредок, владеењето на правото, подобриот живот за секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска и политичка припадност. Верувам дека токму така се гради силна држава – кога политиката не создава нови поделби, туку нови партнерства; кога не се бројат разликите, туку заедничките цели; и кога сите што искрено сакаат да допринесат за напредокот имаат место во заедничкиот пат кон подобра иднина. Продолжуваме посветено, одговорно и со уште поголема енергија. Граѓаните очекуваат резултати, а наша должност е секој ден да ја оправдуваме нивната доверба со работа, реформи и исполнети ветувања, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter