Овој Четврток , во 18.30, во најгледаната политичка емисија „Само Вистина“ своите факти и дилеми ќе ги вкрстат кандидатите за Претседател на Македонија , Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски
Зошто Силјановска смета дека минатата власт требаше да си замине , и како замислува да ги потпишува законите со новото име на државата , а лично да прави нешто сосема друго?
Како пак Пендаровски е убеден дека зад него застанале сите етнички заедници во државава, и како ќе ја смени досегашната „церемонијална“ улога на позицијата Претседател на Македонија?
Дали навистина и двајцата претенденти за Претседател се натпартиски кандидати, како што љубат да кажат?
Се чувствуваат ли само како дел од политичката игра на двете најголеми партии и нивните лидери, Заев и Мицкоски
Дали јогата, рокенролот , југото и папараците се доволни и одлучувачки за гласачите, или битката ќе се бие за секој одделен наш сограѓанин?
Ќе го бојкотираат ли вториот круг нашите сограѓани во Недела, поради револт и пркос, и што доколку нема цензус, дали и двајцата ќе се вратат на своите вообичаени обврски?
За Заев и Мицкоски, во ТВ дуелот на деценијата, 120 секунди не беа баш доволни за одговор , дали Силјановска и Пендаровски ќе продолжат во тој стил?
Одговорите на сите овие прашања, но и повеќе, ќе ги дадат токму тие - Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, во четврток во 18.30 час во САМО ВИСТИНА...на ТВ ДУЕЛОТ ЗА ОДЛУКА!