Ќе се исполни ли ланското ветување за датум за преговори за Македонија?

Политичката ситуација и отворените прашања на Балканот во фокусот на конференцијата за западен Балкан во Берлин.

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев се очекува на маргините на самитот да се сретне со канцеларката Меркел и францускиот претседател Макрон, а од владата велат дека предвидени се и други билатерални средби со шефови на држави и влади.

Целта на состанокот е да се обезбеди дискусија за политичката ситуација во регионот на Западен Балкан. Фокусот на разговорите ќе биде ставен на можностите за унапредување на регионалната соработка и решавање на отворените прашања, како на пример нормализација на дијалогот меѓу Србија и Косово.

Иако не е најавено да се разговара за проширување на ЕУ, сепак не е исклучено и тоа да се најде на дневен ред во Берлин, а делегацијата од земјава на конференцијата пристигнува со надеж дека ќе добие потврда на ланското ветување за добивање датум за преговори со ЕУ во јуни годинава. Пред неколку дена Премиерот Заев порача дека очекува датум за почеток на преговори со унијата.

Германските медиуми пак, веќе ја анализираат состојбата со земјите од западен Балкан и нивната подготвеност за членство во унијата.

Весникот Ди Велт, пишува дека на самитот постои желба да и се помогне на земјава да добие почеток на преговори со ЕУ во јуни, а за таа цел, според весникот германската канцеларка по секоја цена сака да го убеди францускиот претседател Макрон.

Со сличен текст и реномираниот ФАЦ кој анализира дека земјава е единствената од западен Балкан која заслужува да биде наградена со датум за преговори со ЕУ, додека Зи Дојче Цајтунг пишува дека на земјите од Балканот мора да им биде дадена јасна европска перспектива.

Шмит: Силна економија е можна само со социјална заштита и работнички права

Првомајска порака на еврокомесарот Шмит.

На 1 мај кога го славиме Меѓународниот ден на трудот, размислуваме за напредокот што ЕУ го постигна во текот на изминатата година во унапредувањето на правата и можностите на работниците во Европа, наведува еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит во пораката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

- Европската година на вештини поттикна револуција во вештините, привлекувајќи го вниманието на креаторите на политики, компаниите и поединците кон важноста од континуирана обука за да се задоволат потребите на пазарот на трудот во ЕУ кој е во развој. Преку иницијативи. како Пактот за вештини, кој обезбеди обука за 3,5 милиони работници само во 2022-2023 година, градиме партнерства за инвестирање во работната сила за иднината. Како што Европската година на вештини официјално го се приближува до својот крај, мораме да го задржиме вниманието на вештините, наведува Шмит.

Еврокмесарот натаму се осврнува на новите правила на ЕУ со кои се отвора простор за подобрување на работните услови, заштита на работничките права, гарантирањето на социјалната заштита или можносите за стажирање на младите.

- Земјите членки бележат напредок во спроведувањето на Директивата за соодветни минимални плати, чиј краен рок за имплементација е ноември оваа година, наведува Шмит, потсетувајќи дека ЕК започна и косултација со социјалните партнери за регулирање на онлајн работењето, со цел да се обезбеди рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот и да се гарантира заштита на менталната и физичката благосостојба на работниците.

Шмит натаму во пораката потенцира дека клучна карактеристика на европската социјална пазарна економија е социјалниот дијалог, во чии рамки е ревидирана директивата на Европскиот совет за работа со што се зголемува улогата на работниците во процесот на консултации за значајни одлуки и е изработен Акциски за справување со недостигот на работна сила и стручно оспособени работници.

- Силна, флексибилна и конкурентна економија е можна само кога е придружена со силна социјална заштита и вклученост. Во текот на изминатите пет години, за време на мандатот на оваа Комисија, ние систематски ги вклучивме работничките права, правичноста и социјалната димензија во сите политики на ЕУ. Иако останува да се направи уште повеќе, можеме да бидеме горди на напредокот што го постигнавме. На сите Ви посакувам се најдобро на овој Ден на трудот, додава Шмит во пораката по повод 1 Мај. /МИА

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт денеска на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада.

Според неа, без воспоставување на ефикасен механизам и објективен скенер на чистотата на личностите кои преземаат јавна одговорност, како што е проверката, не може да се постигне оптимален напредок во борбата против криминалот и корупцијата.

Во продолжение, целосниот говор:

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Денеска ви ја претставуваме една од заложбите на политичката програма „Европа 2030“ на Европскиот фронт, спроведување на процесот на проверка за сите носители на политички функции и носители на големи одговорности во областа на судството и борбата против криминалот и корупцијата.

Без воспоставување на ефикасен механизам и објективен скенер на чистотата на личностите кои преземаат јавна одговорност, како што е проверката, не може да се постигне оптимален напредок во борбата против криминалот и корупцијата.

Владеењето на правото, правдата и доброто владеење гарантираат еднаква лојалност и одговорност за секој граѓанин пред законот. Борбата против корупцијата и организираниот криминал ќе продолжи да биде бескомпромисна, со нулта толеранција, но овојпат засилена со точноста на системот за проверка во законодавната, извршната, судската, обвинителството и секоја друга функција во централно и локално ниво, за именувани или избрани лица.

Ветингот ќе овозможи поголема транспарентност на богатството на кандидатите кои сакаат да преземат јавна одговорност и како се постигнува тоа богатство. Ова објективно следење ќе биде поттик за сите и можност за чесни човечки капацитети да излезат на површина за да им служат на потребите на луѓето.

Ветингот за корупција е неопходна категорија која еднаш засекогаш ќе ја затвори вратата за поединци кои го ставаат личниот интерес над општото.

Европскиот фронт за првпат инсистира и на примена на проверка на руското влијание и антидржавните служби за да се елиминира ризикот од дестабилизација и дезориентација на земјата од евро-американската ориентација.

Донесувањето на посебен закон за ветинг ќе биде најсилниот одговор против секоја тенденција за манипулација и злоупотреба на јавната положба.

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени

​Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р'бетот на нашата економија.

За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница.

Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја.

Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!

притисни ентер