Натепан на погреб лидерот на главната опозициска партија во Турција (ВИДЕО)

Со најмалку два удари е нападнат лидерот на турската опозиција , Кемал Киличдароглу додека присуствувал на погреб на војник .

Киличдароглу присуствувал на погреб на војник , кој загинал во борбите против припадниците на забранетата Работничка партија на Курдистан.

Во еден момент , се гледа како со најмалку два удари е тепан опозиционерот , додека обезбедувањето се обидува да го извлече од толпата.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи ништо за да ја подобри состојбата во студентските домови

„Томе Стефановски – Сениќ“ веќе неколку дена „блеска” во мрак. Во студентскиот дом во 21 век со денови нема струја, рече Филип Ѓорѓиев од ВМРО – ДПМНЕ.

Студентите се оставени на милост и немилост, да се снаоѓаат сами како умеат.

Во тек на јунска испитна сесија студентите се соочуваат со потешкотии поради немање електрична енергија.

Додека студентите се соочуваат со проблеми, директорот на ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“ го нема никаде, а зошто и би се појавувал кога ќе излезе Зоран Заев и ќе каже дека „блеска” студентскиот стандард.

Откако СДСМ дојде на власт младите се соочуваат со разни проблеми на кои нема решенија, но и ветените проекти кои требаа до сега да се реализираат ги нема.

Студентите откако СДСМ дојде на власт се соочуваат со секојдневни проблеми во студентските домови. Се соочуваат со влага во собите, лифтови кои не работат, храна која е катастрофална, распаднати плафони, мизерни услови во бањите каде што и најчесто нема ни топла вода. Секојдневно по зградите и во собите на студентите се појавуваат глувци, а во дворовите змии.

Заев и СДСМ пред да дојдат на власт ветуваа многу за студентите, ветуваа студентски град, а не добија ништо. Освен што секојдневно се соочуваат со мизерни услови како да преживеат од ден на ден за да ги положат испитите.

Ова мора да престане, одговорност мора да има. Одговорност треба да дадат директорите, министерството за образование и Зоран Заев.

Излезот од хаосот што владее по студентските домови и низ цела Македонија може да биде самиот Заев. Тој е причината на проблемот и мора да си замине. Колку побргу, толку подобро.

Русија реши да завладее со Арктикот – тргна новиот нуклеарен брод (ВИДЕО)

Во бродоградилиштето во Санкт Петерсбург вчера на голема церемонија беше поринет новиот нуклеарен мразокршач ,,Урал”.

Мразокршачот е дел од амбициозен план со цел да се користат комерцијалните потенцијали на Арктикот. Бродот ,,Урал” , е првиот од трите нуклеарни мразокршачи , најмоќни на светот.

Со овој мразокршач ќе и се овозможи на северната руска флота да биде подвижна преку целата година , со оглед на климатските промени и на топењето на ледниците на Арктикот.

Бродот ќе и биде доставен на владината корпорација ,,Росатом” во 2022 , кога ќе бидат направени и другите два мразокршачи. Целта на овој проект е Русија да го зголеми своето стратегиско влијание во овој дел од светот , каде се натпреварува во САД , Канада , Норвешка , а во последно време и со Кина.

Трамп ги прекрши древните правила на сумо борењето во Јапонија (ФОТО)

Американскито претседател Доналд Трамп денеска беше на сумо турнир, на голф и на скара како дел од официјалната посета на Јапонија.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе се потруди Трамп со сопругата Меланија да си поминат незаборавно во неговата земја.

Заедно одиграа партија голф и се сликаа селфи , како најдобри пријатели. Потоа отидоа и на скара.

Но , централниот настан беше турнирот во сумо борење , што има илјадагодишна традиција и строги правила. Американскиот претседател и првата дама седеа во царската ложа , што е забрането , зашто таму седат само членови на царското семејство.

Трамп требаше да седне на под меѓу публиката , но очигледно американскиот гостин доби царски привилегии. Исто така , една од најстрогите забрани се однесува на теренот каде се борат сумо борачите. На татамито може да се гази само бос.

Но , при доделувањето на големиот пехар на победникот, претседателот Трамп остана обуен со чевли.

притисни ентер