Хаос во Тирана- со молотови коктели кон полицијата , десетици приведени (ВИДЕО)

Неколку лица се повредени вчеравечер во Тирана , за време на насилните антивладини протести при судирот на демнонстрантите со полицијата.

Илјадници се собраа пред парламентот со барање за оставка на премиерот Еди Рама и неговата влада. Полицијата користеше солзавез за да ги спречи демонстрантите да упaднат во зградата на Парламентот.

Демонстрантите возвратија со молотови коктели , при што е запален еден автомобил , а неколкумина се повредени. На тоа полицијата одговори со водени топови.

Опозицијата го обвини Рама за корупција и изборни измами , а протестите траат повеќе од два месеца.

Во февруари повеќе од 60 пратеници од опозициската Конзервативно демократска партија и нејзините партнери , го напуштија парламентот во знак на протест.

притисни ентер