Новицки со солзи се прости од кошарката (ВИДЕО)

Легендарниот Германец се прости со солзи од НБА кошарката како великан на Далас Маверикс.

Дирк Новицки влезе во 40 – тите години и ја заврши 21 . сезона во НБА лигата . Не доби птоштална турнеја , но скромниот Дирк не ја ни бараше. Едноставно ,вчеравечер го зеде микрофонот и со солЗи во очите рече дека го одиграл последниот натпревар .

Публиката остана во шок , а тој со солзи во очите рече дека на домашен терен го одиграл последниот натпревар , а ќе игра уште еден на гостување против Сан Антониот Спурс.

Најголемиот европски кошаркар во НБА на сите времиња оваа сезона добиваше овации од противничките навивачи , како еден вид поздрав за завршетокот на кариерата. Но , тој остана скромен не само оваа сезона , туку и низ целата кариера.

Медиумите пишуваат дека намерно изгубил 196 милиони долари преку потпишување помалку вредни договори само за да остане во клубот во Далас.

притисни ентер