3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаПрегазен човек на булевар во Ново Лисиче Вечерва на булеварот Видое Смилевски Бато во населбата Ново Лисиче е прегазен човек на околу 50 години .Според информациите кои за Канал 5 ги потврдија од полицијата , прегазен е средовечен маж , кој им подлегнал на повредите. Во 20,23 часoт во СВР Скопје пријавeno e дека на бул.В.С.Бато во близина на Стопанска банка е случена сообраќајна незгода во која автомобил „ Шкода Октавија“ со германски табличкии, управувано од М.Ц. (49) удрило во пешак.Станува збор за машко лице на возраст од околу 50 год..По доаѓање на итната медицинска помош констатирана е смрт кај пешакот. Увидот е во тек .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
ТехнологијаРазрешена мистерија стара 30 години: Еве што пишува на познатата плоча во „Super Mario 64“ (ВИДЕО)Децениските гласини се побиени, а заматениот текст од култниот класик на „Nintendo“ е дешифриран со помош на специјална програма.Еден јутјубер тврди дека конечно ја решил една од најголемите мистерии во „Super Mario 64“ – речиси 30 години по неговото објавување – со што, веројатно, става крај на децениските шпекулации поврзани со Луиџи. Објавена во 1996 година, „Super Mario 64“ остана ризница на тајни и теории од обожавателите, при што играчите продолжуваат да откриваат нови детали дури и децении подоцна. Една од најпознатите мистерии се однесува на мала плоча под статуа на ѕвезда во дворот на замокот на принцезата Пич. Заматениот текст долго време се толкуваше како „L is real 2401“, што поттикна теории дека Луиџи може тајно да се игра во овој класик за „Nintendo 64“, или дека текстот е остаток од времето кога ликот бил планиран за вклучување во играта, но подоцна бил отфрлен. Сепак, јутјуберот „mochi64“ верува дека конечно го „дешифрирал кодот“, откривајќи дека вистинската порака нема никаква врска со братот на Марио. Во видео на „YouTube“, „mochi64“ објаснува дека текстурата на плочата има димензии од само 32×32 пиксели, поради што буквите се речиси невозможно да се дешифрираат со голо око. Наместо да се обидува да ја подобри заматената слика, авторот создал програма дизајнирана да го рекреира методот што уметник од „Nintendo“ можеби го користел за да ја изработи таа текстура уште во 1996 година. Процесот вклучувал тестирање на приближно 530 фонтови, заедно со милиони комбинации на зборови, растојанија меѓу буквите, димензии на сликата и техники за промена на големината, за да се утврди кој пристап дава најблизок резултат. Откако го стеснил изборот на фонтот на верзијата на „Palatino Bold Italic“ од „Adobe“ од 1990 година, програмата го идентификувала она што „mochi64“ верува дека е вистинскиот натпис: „Eternal Star. We hope so.“ („Вечна ѕвезда. Се надеваме на тоа.“) Првата линија текст беше утврдена по тестирање на над 27.000 зборови, додека посебно пребарување, кое опфати повеќе од 17.000 англиски зборови, покажа дека „We hope so“ (Се надеваме на тоа) најдобро одговара за втората линија. Според авторот, добро познатата теорија „L is real 2401“ се покажа приближно двојно полошо во споредба со оригиналната текстура. Ова откритие конечно би можело да стави крај на шпекулациите дека плочата содржела упатства за отклучување на Луиџи — иако братот на Марио, всушност, навистина бил планиран да се појави во „Super Mario 64“. Всушност, Шигеру Мијамото претходно потврди дека Луиџи првично бил вклучен во играта како дел од планиран режим за повеќе играчи, но бил отстранет поради ограничувања во меморијата. „Mochi64“, исто така, ги објави кодот и податоците од проектот, како и извештај од 40 страници на „GitHub“, овозможувајќи им на другите играчи самите да ги проверат овие наоди. Иако „Nintendo“ сè уште официјално не го потврди ова, откритието претставува уште еден пример за тоа како фановите продолжуваат да откриваат тајни во игра стара речиси 30 години. Во 2025 година, еден друг јутјубер откри скриен звучен ефект во „Super Mario 64“, на кој му се потребни 14 месеци за целосно да се репродуцира. Неодамна, еден програмер дури успеа да ја стартува „Super Mario 64“ на оригинален хардвер од конзолата „SNES“ — речиси три децении откако играта помогна да се дефинира жанрот на „3D“ платформски игри. Извор: Б92Тагови: Super Mario 64 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе намалуваат цените на бензините, цената на дизелот останува истаМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 8,120%, кај дизелот има зголемување за 0,404%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,074% и кај мазутот има зголемување од 2,060%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3292%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 27.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 54,273 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,694 ден/кг. и сега ќе изнесува 54,273 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
ЕвропаФранција и понатаму нестабилна: Полицискиот час останува на силаФранцускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, денеска изјави дека 1.435 лица биле приведени за време на протестите во Франција овој викенд, како и дека полицискиот час ќе остане на сила во одредени градови и региони низ земјата.Според него, полицискиот час останува во сила поради социјалните немири, како и поради очекувањето дека ситуацијата нема значително да се промени во наредните денови. Нуњез за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека за време на протестите во Франција викендов биле повредени 267 припадници на безбедносните сили – од кои повеќето се здобиле со полесни повреди – како и повеќе од 250 демонстранти. Тој истакна дека француските власти успеале да ги држат под контрола протестите што се одржаа низ Франција во саботата и дека не биле забележани „никакви сериозни инциденти“. Сепак, Нуњез укажа на „многу високо ниво на насилство врз полициските службеници“, конкретно насилство што доаѓа од елементи на „крајната левица“ кои им се приклучиле на протестите. Тој нагласи дека овие елементи од крајната левица биле држени под контрола во саботата, за разлика од протестите што се одржаа на 17 октомври. За протестите во саботата, француските власти ангажираа околу 70.000 полицајци и жандарми низ целата земја. Според француското Министерство за внатрешни работи, на протестите низ Франција учествувале околу 410.000 луѓе, додека синдикатот ЦГТ проценува дека бројката изнесува околу 800.000. Во Париз, според податоците на полицијата, протестирале околу 110.000 луѓе, додека според проценките на синдикатите, таа бројка изнесувала 250.000. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59