Хрватската апликација за решавање математички задачи Photomath стана дел од Snapchat

​Хрватската апликација Photomath станува дел од една од најпопуларните социјални мрежи во светот – Snapchat. 

 Односно, како што е објавено на Snap Partner Summit, преку опцијата Lenses на Snapchat корисниците ќе можат едноставно да скенираат математички задачи и да ги добијат нивните решенија.

Ќе биде доволно само да се протисне и да се држи прстот на екранот со активирана апликација Snapchat и во позадина ќе се скенира задачата.
 

За се останато, како што е објаснувањето или решението чекор по чекор, корисниците ќе бидат упатувани на самата апликација Photomath. Со оглед на тоа дека според последните информации, Snapchat има повеќе од 180 милиони корисници секој ден, ова партнерство сигурно ќе му обезбеди уште многу корисници на Photomath.

Хрватската апликација Photomath досега е преземена повеќе од 100 милиони пати и инвестиција вредна 6 милиони долари. За потсетување, Рhotomath уште минатата година ја надмина бројката од 100 милиони преземања, а тогаш најавија и дека работат на надградба која би понудила решенија и за текстуалните задачи, кои за многумина се најтешкиот облик на математички задачи.


 

Северина на масажа (ФОТО)

Северина Којиќ се одмора од напорната сезона и приватните проблеми со масажа.

Хрватската пејачка Северина објави жешки фотографии пред заминувањето на масажа , каде таа е облечена во костум со леопард принт .

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Victoria’s secret who? 😈 #sunkissed #summer #severina #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Фотографијата меѓу фановите предизвика стотици пофалби и реакции на беспрекорната линија на 47 годишната пејачка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Summer time🐠💦 #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

На нејзиниот Инстаграм Севе редовно ова лето објавува фотографии со најновите модни трендови за на плажа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Pazi kaktusssss🌵#volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Нема промена на врвот : Скарлет Јохансон и годинава е најплатена актерка

На листата на Форбс за најплатени актерки втора година по ред е убавата блондинка , Скарлет Јохансон.

34- годишната актерка , најпозната по улогата во филмот со најголема заработувачка во историјата ,,Одмназници-Завршница” , заработила 56 милиони долари од јули 2018 до јули годинава.

Ѕвездата на серијата ,,Современо семејство” ; Софија Вергара е на второ место со заработени 44,1 милиони долари , додека Рис Витерспун , продуцентка и актерка во серијата ,,Големи,мали лаги” e трета со заработувачка од 35 милиони.

Елизабет Мос , која глуми во серијата ,,Приказната на слугинката” и австралиската актерка Маргот Роби за прв пат се најдоа на оваа листа , при што првата заработила 24 , а втората 23,5 милиони долари.

Никол Кидман , Џенифер Анистон , Кејли Кјуко, Шарлиз Терон и Елен Помпео се меѓу десетте најплатени актерки бна листата на Форбс за годинава.

Руското летало со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Руското летало ,,Сојуз” со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица .

Роботот Федор требаше да помине две недели за да се приклучи кон екипажот и да ги тестира своите способности. Сојуз требаше да слета на ИСС во 7.30 часот , но не успеа поради проблеми во системот за автоматско слетување, соопштува руската агенција Интерфакс , повикувајќи се на телевизијата на НАСА.

Леталото во моментов е оддалечено 96 метри од станицата , а новиот обид за слетување се планира за понеделник наутро.

Роботот федор е со големина на човек , висок 180 см. и тежок 160 кг. и може да имитира човечки движења.

притисни ентер