Форд го згаснува производството на уште еден модел

Иако имаат докажани квалитети , заврши времето на семејните моноволумени.

Најдобар доказ за тоа е C-Max на Форд , од актуелната генерација достапен и во Grand изведба. Комфорен и практичен , па сепак нема уште долго да се произведува. Форд реши да го запре производството на овој модел од јуни , а во фабриката во германскиот град Саарлуис ќе се произведуваат бараните модели како што е Фокус во изведба Wagon, Active и  ST.

Во Форд велат дека ваквата одлука се поклопува со крајот на нормналниот циклус на производство на една генерација на модел. При тоа ќе биде укината и ноќната смена , со цел да се зголеми ефикасноста и да се намалат трошоците.

Со планот на рестрикции претходно Форд најави отпуштање на 5 000 работници во Европа , ќе ја затвори фабриката за менувачи во францускиот град Бордо , како и три фабрики во Русија.

притисни ентер