Мисир го запре сообраќајот за да може да помине јато мисирки (ВИДЕО)

Како мисирките од американската држава Њу Хемпшир го преминуваат патот? Со помош на еден мисир , кој го запре сообраќајот.

На снимката направена во местото Личфилд на 14 март се гледа група мисирки како се обидува да премине преку пат полн со возила.

Видеото го снимил извесен Дони Померлау , по што стана хит на социјалните мрежи , како и на американските медиуми. Мисирот , откако целото јато го премина патот , им се придружи и мирно продолжи со прошетката.

Во Сибир пронајдена глава на волк стара 40 илјади години

Сочувана глава на волк од леденото доба, кој најверојатно починал пред 40.000 години, пронајдена е во Сибир.

Поради студот и мразот, остатоците се во одлична состојба, па може да се видат крзното, забите, мозокот и другите делови на главата.

Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период.

Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци.

Од ебола во Конго починале 1400 луѓе

Светската здравствена организација(WHO)  смета дека нема потреба од прогласување на вонредна состојба во Демократска Република Конго поради болеста ебола од која за една година починале 1400 луѓе.

Од Комитетот за вонредни состојби на „ WHO“ наведуваат дека не се исполнети критериумите потребни за прогласување на глобална криза, но укажуваат дека се итно потребни 27 милиони долари за борба против епидемијата.

Деновиве епидемијата на ебола од која во Африка редовно умираат илјадници луѓе се проширила и во Уганда.

Во Уганда се регистрирани три случаи на ебола. Од последиците на болеста починало едно петгодишно дете.

Од последиците на вирусот ебола во периодот 2014 -2017 година во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале повеќе од 11000 луѓе а биле заразени 30 000 лица.

Видео: Што прави овој човек

Што прави овој атлета од Ниш, нешто што никој пред него не го направил. Изгледа навистина лудо и опасно. 

За едни неговиот потфат е за воодушевување, за други пак голема лудост .

На интернет се појави видео на кое може да се види како силно момче прави згибови на кров на Застава 128 додека таа се движи низ улиците на градот.

Момчето успеала во својата намера , откако металната конструкција за заварил за кровот на автомобилот и започнал да прави згибови.

притисни ентер