На силикони потрошила повеќе од 87 илјади евра, па завршила на операција

Манекенката Боби Билард (43), на операции за зголемување на градите потрошила повеќе од 87 илјади евра.

Како што пренесува британскиот „Дејли Меил“, американската манекенка ставала силикони дури девет пати, а потоа завршила на операција за остранување, откако како што изјавила, имала проблеми со здравјето.

„Се чувствував како да имам отрови во своето тело. После две децении силикони во градите, мислам дека моето тело се одлучи да рече: „Сега е доста“ – изјавила Билард која првото зголемување на градите го направила на 18 години.

Со години се борела со здравствените проблеми, посебно со болките во вратот и грбот.

„Воопшто немав енергија, имав подочници, хронични болки во вратот и грбот, не мислев дека силиконите би можеле да бидат виновни за мојата лоша здравствена состојба“ – признала потресената манекенка која за помош им се обратила на корисниците на социјалните мрежи.

Дури таму сфатила за што станува збор и дека всушност имплантите се причината за нејзината лоша состојба.

„Потрошив повеќе од 87 илјади евра на силиконски гради за да изгледам подобро. Бев модел и од мене се очекуваше да изгледам добро, бев под голем притисок на околината“ – открила Билард.

Таа веднаш после отстранувањето на силиконите се чувствувала многу подобро.

„За прв пат после подолго време сум среќна и здрава“ – изјавила Боби за британскиот „Дејли Меил“.

Поради авантура среде море , им се заканува смртна казна (ВИДЕО)

Американец и неговата девојка се соочуваат со смртна казна поради тоа што живееле на платформа во меѓународни води.

Чад Елвартовски и неговата девојка , Супрани Тепдет се во бегство пред тајландската морнарица , која ги обвинува за градење на морски дом , со што го нарушувале државниот суверенитет.

Нивниот дом , фиксиран на 20 метри висока платформа се наоѓа на околу 19 километри од монденското летувалиште Пукет . Американецот тврди дека куќичката е поставена на 21 километар од брегот на Тајланд и дека не ги загрозува нивните води.  Морнарицата нагласува дека двајцата не побарале никаква дозвола за градба на куќата , подигната на бертонска платформа среде море.

Доколку ги прогласат за виновни за нарушување на суверенитетот на државата , им се заканува доживотен затвор или смртна казна.

Елвартовски работел како програмски инженер за американската армија , пред да почне да вложува во виртуелната валута биткоин. Потоа заедно со девојката од Тајланд почнале да градат куќа среде море и станале дел од групата Ocean Builders, кои градат куќи во морињата со цел да станат автономни од секоја власт.

Спорната платформа била изградена во февруари , но властите ја откриле дури оваа недела.

Ваквите градби , односно мини заедници се расфрлани низ сите мориња , и тоа во меѓународните води , каде станарите прогласуваат автономија. Најпозната е платформата Силенд , изградена од 1967 година во Северното море.

Мајката на најславните манекенки ги изгладнувала од малечки (ВИДЕО)

Пред да станат најпознати манекенки на светот Џиџи и Бела Хадид , биле под режим на мајка им Јоланда.

Таа во ријалити серија , чии извадоци се емитуваат ги принудува да гладуваат манекенките, кои тогаш биле тинејџерки , а на Џиџи и забранува да игра одбојка за да не добие непотребни мускули. Јоланда и самата била славна манекенка пред да се реши да му се посвети на семејството, а кон ќерките од секогаш била брутално искрена во опишувањето на модниот свет.

Џиџи Хадид чекала кога ќе и биде роденден , зашто само тогаш бил ден без диета и со сестра и Бела можеле да јадат од роденденската торта.

,,Може една вечер да ја измамите диетата, но потоа мораш да се вратиш на ниормнална исхрана. Знаеш. Париз и Милано сакаат слаби девојки.” , им вели Јоланда на своите ќерки.

Видеото со лекциите на строгата мајка кон ќерките е прегледано над три и пол милиони парти. Голем број се со критики кон мајката , која поради својата амбиција , ги измачува ќерките.

Џиџи и Бела сега се меѓу топ десетте манекенки , а нивниот 19 годишен брат Анвар исто така е во модната индустрија.  

Годзила има над 1000 Кс и лесно стигнува до 380 км/час (ВИДЕО)

На патеката Johnny Bohmer Proving Grounds, долга нешто повеќе од четири километри се докажа спортската изведба на Nissan GT-R.

Новиот спортски болид на Нисан ги покажа своите перформанси на патеката , на која се испробуваат најсилните болиди.

Nissan GT-R има над 1 100 коњски сили и погон на сите тркала . По забрзувањето на првата четврт милја, болидот продолжи со силното забрзување , а без проблем стигна до 380 км/час.

притисни ентер