Владата го реафирмира Агросоветот што со години беше запоставен

Владата на вчерашната седница донесе одлука за реафирмирање на работата на Советот за земјоделство и рурален развој односно Агросоветот кој со години беше целосно запоставен. 

Одлуката за негова повторна афирмација следува по консултација со сите засегнати страни со крајна цел да се креираат квалитетни земјоделски политики во интерес на земјоделството. Работата на Советот за земјоделство и рурален развој на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство му овозможува да креира интегрирана политика за земјоделство и рурален развој, како и поширока дебата за прашањата и проблемите од областа на земјоделството и руралниот развој.

Улогата на Советот за земјоделство и рурален развој е да врши работи на консултативен механизам за политики, да прави планови и програми за развој на земјоделството и руралниот развој но и да дава мислење по однос на постигнати резултати од спроведувањето на мерките и инструментите за развој. Агросоветот треба да одржува континуиранаа комуникација меѓу МЗШВ и социјалните и економските партнери кои се вклучени во спроведување на мерките и инструментите за развој на земјоделството и руралниот развој заради постигнување консензус по одделни прашања од областа на земјоделството и руралниот развој, а особено од областа на уредување на земјоделските пазари. Во негова надлежност е разгледувањето и усвојувањето на годишните програми за работа на потсекторските групи и оперативни програми за техничка поддршка од интерес на одделни земјоделски производи или група производи, тоа треба да ги следи анализите на состојбите и препораките на образовните и научни институции, анализите за спроведување на политиките од областа на земјоделството и руралниот развој и други работи во врска со планирањето и спроведувањето на целите за развој на земјоделството и руралниот развој.

Инаку, Советот за земјоделство и рурален развој или Агросоветот беше формиран од страна на Владата во 2012 година. Неговото реафирмирање следува со носење на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Советот поради промената на неколку членови на советот и претседатели на потсекторските групи.

Агросоветот ќе го води министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а во него членуваат по еден претставник од трите најголеми национални здруженија на земјоделски производители по број на членови, по еден претставник од двете најголеми здруженија на преработувачи, по еден претставник од стопанските комори, по еден претставник од високообразовните и научните институции од областа на земјоделството,еден претставник од здружение на потрошувачи, еден претставник од здружение на единици на локалната самоуправа и еден претставник од здруженија за заштита на животната средина иеден претставник од здружението основано за унапредување на руралниот туризам, соопштува МЗШВ.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

притисни ентер